Зворник — град во североисточна Босна и Херцеговина низ кој минува реката Дрина. Градот се наоѓа јужно од Бијељина. Зворник првпат се споменува во 1410 година, и претставувал врска на Босна со источните земји. За време на Отоманското Царство градот бил еден од шесте најголеми бродоградителски центри. Градското население значително се намалило за време на Босанската војна.
Главна атракција во градот е „Кула град“, село кое е дел од општина Зворник, и во него се наоѓа средновековна тврдина изградена во 12 век. Зворник има и градски музеј. Во градот секоја година во август се одржува културно лето. Локалниот клуб ФК Дрина Зворник настапува во првата фудбалска лига во Босна и Херцеговина. Од градот е и кошаркарскиот клуб КК Дрина.
Демографија Според пописот од 1991, градот Зворник имал вкупно 14,584 жители, од кои: Бошњаци - 8,854 (60.71%) Срби - 4,235 (29.03%) Југословени - 944 (6.47%) Хрвати - 76 (0.52%) Други - 475 (3.25%)
Според пописот од 2013, општината Зворник имала вкупно 58,856 жители, од кои: Бошњаци - 19,885 (33.78%) Срби - 38,579 (65.54%) Хрвати - 106 (0.18%) Други - 316 (0.53%)
Познати личности Самир Муратовиќ, фудбалер Сека Алексиќ, пејачка Раде Ѓокиќ, фудбалер Сеад Салиховиќ, фудбалер Денис Омербеговиќ, фудбалер Златко Јунузовиќ, фудбалер Саид Хусеиновиќ, фудбалер Ермин Бичакчиќ, фудбалер Горан Икониќ, кошаркар Абдула Сидран, писател
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Туристички водич низ градот Drinariver.com
Категорија:Општини во Република Српска