Марк-Андре тер Штеген (роден на 30 април 1992 година, во Менхенгладбах) е германски фудбалер, голман на Барселона и на германската репрезентација.

Кариерата ја започнал во Борусија Мехенгладбах, од каде по 4 поминати сезони во Бундеслигата во кој забележал 108 настапи за клубот, тој се приклучил на Барселона во 2014 година во трансфер вреден 12 милиони евра. Веќе во својата прва сезона со Барселона, тој ја освоил тројната круна откако клубот триумфирал во шпанското првенство, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.

Тер Штеген ја претставувал Германија во повеќе младинските селекеции, додека своето деби за сениорскиот тим го имал во 2012 година. Тој бил дел од репрезентацијата на две Светски првенства во 2018 и 2022, како и на Европското првенство 2016, но на ниту едно од нив не забележал ниту еден настап, минувајќи го времето на клупата како резерва на Мануел Нојер. Тој, исто така, учествувал на Купот на конфедерации 2017, каде бил прв голман и помогнал неговата земја да го освои турнирот.

Технички карактеристики Се смета за еден од најдобрите голмани во светот, има одлични рефлекси одлично чувство за излегување од шеснаесеттникот и e добар во покривање на голот од противнички играчи. Меѓу другите негови квалитети се истакнуваат додавањата, поради неговата одлична визија за играта со која ја започнува акцијата на својот тим од одзади (дотолку што е дефиниран како sweeper-keeper или „дополнително либеро“), и позиционирањето. Дополнително, тој има со одличен атлетизам и е познат како добар голман за бранење пенали.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 март 2024

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 Борусија Менхенгладбах II РЛ 3 -4 - - - - - - - - - 3 -4 2010-2011 РЛ 15 -19 - - - - - - - - - 15 -19Вкупно Борусија Менхенгладбах II 18 -23 - - - - - - 18 -23 2010-2011 Борусија Менхенгладбах 1Б 6+2Плејаут. -3 + -1 КГ 0 0 - - - - - - 8 -4 2011-2012 1Б 34 -24 КГ 5 -2 - - - - - - 39 -26 2012-2013 1Б 34 -47 КГ 2 -1 ЛШ+ЛЕ 2+7 -4Во квалификациските кола. + -11 - - - 45 -63 2013-2014 БЛ 34 -43 КГ 1 0 - - - - - - 35 -43Вкупно Борусија Менхенгладбах 108+2 -117 + -1 8 -3 9 -15 - - 127 -136 2014-2015 Барселона ПД 0 0 КШ 8 -5 ЛШ 13 -11 - - - 21 -16 2015-2016 ПД 7 -7 КШ 7 -4 ЛШ 10 -8 СШ+СУ+Скп 1+1+0 -4 + -4 + 0 26 -27 2016-2017 ПД 36 -33 КШ 1 -2 ЛШ 9 -12 СШ 0 0 46 -47 2017-2018 ПД 37 -28 КШ 0 0 ЛШ 9 -6 СШ 2 -5 48 -39 2018-2019 ПД 35 -32 КШ 2 -1 ЛШ 11 -9 СШ 1 -1 49 -432019-2020 ПД 36 -36 КШ 2 -1 ЛШ 8 -13 СШ - - 46 -50 2020-2021 ПД 31 -32 КШ 4 -5 ЛШ 5 -9 СШ 2 -4 42 -50 2021-2022 ПД 35 -34 КШ 1 -3 ЛШ+ЛЕ 6+6 -9 + -8 СШ 1 -3 49 -57 2022-2023 ПД 38 -18 КШ 3 -4 ЛШ+ЛЕ 5+2 -10 + -4 СШ 2 -3 50 -39 2023-2024 ПД 18 -14 КШ 0 0 ЛШ 6 -4 СШ 0 0 24 -18Вкупно Барселона 273 -234 28 -25 90 -103 10 -24 401 -386Вкупно во кариерата 401 -375 36 -28 99 -118 10 -24 546 -545

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Германија2012202013102014102015002016402017100201830201930202000202130202230202380202420Вкупно400

Титули Клупски Барселона Примера Дивисион : 5 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2022-2023 Куп на Шпанија : 1 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021 Суперкуп на Шпанија : 2 2018, 2023 Лига на шампиони : 1 2014-2015 Суперкуп на УЕФА : 1 2015 Светско клупско првенство : 1 2015

Репрезентативни Германија под 17 Европско првенство за играчи под 17 години : 1 Германија 2009

Германија Куп на конфедерации : 1 2017

Наводи

Надворешни врски

Марк-Андре тер Штеген на soccerway Марк-Андре тер Штеген на transfermarkt Марк-Андре тер Штеген на espn Марк-Андре тер Штеген на whoscored

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Менхенгладбах Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година