Лорик Агим Цана ( во ) — поранешен албански професионален фудбалер кој во кариерата настапувал за екипите на Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио, Нант, и фудбалската репрезентација на Албанија. Цана со своите 93 настапи во националниот дрес важи за фудбалерот со најмногу настапи за албанската репрезентација. Неговата репрезентативна кариера траела од 2003 до неговото пензионирање во 2016. Цана бил капитен на Албанија на нејзиното прво големо натпреварување, Европското првенство во фудбал 2016 одржано во Франција.
Цана играл во најквалитетните фудбалски првенства во Франција, Англија, Италија, и Турција, туку вклучувајќи ги и фудбалските соперници Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј на почетокот на неговата кариера. На свои 16 години бил поканет на проба во Арсенал, но не заминал бидејќи му било одбиено барањето за британска виза. Професионалната фудбалска кариера ја започнал во екипата на Пари Сен Жермен пред да премине во Олимпик Марсеј во 2004. Во 2009 направил трансфер во Сандерленд и станал првиот албански фудбалер кој настапил во англиската Премиер лига. Подоцна се приклучил на најтрофејниот турски клуб Галатасарај. По две години во Турција преминал во италијански Лацио, каде останал четири сезони. Во 2015 се вратил во Франција, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Нант.
Цана своето деби за албанската репрезентација го имал во јуни 2003 на 19 годишна возраст. Можел да избира дали би настапувал за репрезентациите на Албанија, Швајцарија, или Франција, бидејќи имал пасоши од трите земји.Cana: Do të shënojmë dhe fitojmë ndaj Bjellorusisë! Yll Press > Sport: Kombëtaret - "3 pasaporta zotëronte Cana para se të zgjidhte Shqipërinë. Ai kishte në dorë të luante me Zvicrën ose Francën, por zgjodhi të përfaqësonte kombin e tij" Иако има најмногу настапи за албанската репрезентација, Цана постигнал само еден гол во националниот дрес, и тоа во 2005 на пријателскиот натпревар против Азербејџан.
Признанија Клупски Пари Сен Жермен Лига 1 2. место: 2003–04 Француски куп: 2003–04; финалист: 2002–03, Суперкуп финалист: 2004
Олимпик Марсеј Лига 1 2. место: 2006–07, 2008–09 Француски куп финалист: 2005–06, 2006–07
Лацио Копа Италија: 2012–13; финалист: 2014–15 Супер куп финалист: 2013, 2015
Поединечни Албански фудбалер на годината (3): 2004, 2005, 2006 Албански фудбалер на годината според навивачите (1): 2009
Статистика Клупска
КлубСезонаЛигаКупЛига КупЕвропаВкупноНатпреварувањеНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиПари Сен Жермен Б 2000–01АПФ 40———402001–02АПФ121———1212002–03АПФ231———231Вкупно392———392Пари Сен Жермен 2002–03Лига 130000000302003–04Лига 13212020—3612004–05Лига 13211010604012005–06Лига 1200000—20Вкупно692303060812Олимпик Марсеј2005–06Лига 12817000804312006–07Лига 13326010504522007–08Лига 13425100904832008–09Лига 12710000121392Вкупно1226181103411758Сандерленд2009–10Премиер лига3102020—350Вкупно3102020—350Галатасарај2010–11Супер лига24140—30311Вкупно24140—30311Лацио2011–12Серија А15200—602122012–13Серија А24050—903802013–14Серија А26200—603222014–15Серија А17030——200Вкупно82480—2101114Нант2015–16Лига 12103000—240Вкупно2103000—240Вкупно во кариера388153816064149617
Репрезентативна
Репрезентација на АлбанијаГодинаНастапиГолови200360200450200581200640200760200860200960201060201190201280201390201480201570201650Вкупно931
Наводи
Надворешни врски
Lorik Cana at OM.net Lorik Cana at Yahoo Sports
Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Нант Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе