Маурисио Роберто Почетино (; роден на 2 март 1972) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната. Тој е и поранешен репрезентативец на Аргентина. Во моментов тој е менаџер на екипата на Тотенхем од Лондон.
Тој помина 17 години како професионален играч, каде што најголем дел од својата кариера настапувал за Еспањол при што забележал 275 натпревари и 13 постигнати голови.. Тој исто така настапувал за два француски клуба, Париз Сен Жермен и Бордо, како и аргентинскиот Њувел Бојс каде што ја започнал професионалната кариера. Бил дел и од фудбалската репрезентација на Аргентина на Светското првенство во 2002 година и на Копа Америка во 1999 година.
Почетино ја започна својата менаџерска кариера во Еспањол во јануари 2009 година, останувајќи на тренерското емсто 4 години. Потоа тој ја продолжил кариерата во Премиер Лигата во тимот на Саутемтон, а од 2015 година е на кормилото на Тотенхем. Во првата сезона во тимот на Тотенхем, тој го освоил второто место во Премиер лигата, веднаш зад сензацијата Лестер Сити, кој станал шампион во сезоната 2015/2016 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година