Џиро д’Италија 2017 (позната и како Трка околу Италија 2017) — 100. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 5 и 28 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била прва од големите трки во сезоната. Започнувала на 5 мај во Алгеро на островот Сардинија, а завршувала на 28 мај во Милано.
Трката била освоена од Том Димулен, кој станал првиот Холанѓанец кој победил на Џиро.
Екипи
Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Секоја екипа се очекувало да започне со девет возачи, освен , со осум возачи, поради смртта на Микеле Скарпони.
Фаворити пред трката
Фаворити за победа пред трката биле: Наиро Кинтана (), Винченцо Нибали (), Герајнт Томас и Микел Ланда (), Стевен Краусвајк (), Тибо Пино (), Том Димулен (), Адам Јејтс (), Бауке Молема (), Илнур Закарин (), Тиџеј ван Гардерен ().http://www.cyclingweekly.com/news/racing/know-now-possible-steven-kruijswijk-ready-take-second-chance-giro-ditalia-327221
Допинг
Пред самиот почеток на Џиро д’Италија, UCI објавил дека двајца возачи на , Стефано Пираци и Никола Руфони, кои биле позитивни на хормони за раст пронајдени во примероци собрани на 25 и 26 април 2017 година.
Бидејќи екипата ги прекршила правилата во текот на дванаесет месечен период, UCI размислувала да го употреби членот 7.12.1 од своите правила за антидопинг, со што екипата би добила суспензија од 15 до 45 дена — доведувајќи го во прашање нивното учество на Џиро.http://www.uci.ch/mm/Document/News/CleanSport/17/63/88/20170504ProvisionalsuspensionsEN_English.PDF
Рута и етапи
Детали за првите три етапи на трката биле откриени на конференција за печат на 14 септември 2016 година. Остатокот од рутата бил претставен од директорот на трката Мауро Вењи на 25 октомври 2016 година. Меѓутоа, организаторите RCS Sport ја објавиле рутата на нивната официјална страница еден ден пред официјалната презентација.
Планирани биле 21 етапа со вкупно растојание од 3.609,1 километар, 142 километри подолго отколку Џиро 2016. Најдолга етапа ќе била дванаесеттата етапа со 229 километри, додека четиринаесеттата етапа со 131 километар ќе била најкратка. Трката имала вкупно 69,1 километар во поединечни хронометри и пет завршници на нагорнина: етапата 4 до Етна; етапата 9 до Мајела; етапата 14 до Оропа; етапата 18 до Ортизеј и етапата 19 до Пјанкавало. Чима Копи (највисока точка на трката) ќе биде Стелвио, на кој ќе се помине на шеснаесеттата етапа.
Етапите биле категоризирани на четири начини од страна на организаторите на трката; хронометри, лесни, средни и тешки етапи.
Поредок
На Џиро д’Италија 2017 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2017 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.
+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Бодови за Чима Копи 45 30 20 14 10 6 4 2 1 Бодови за 35 18 12 9 6 4 2 1 0 Бодови за 15 8 6 4 2 1 0 Бодови за 7 4 2 1 0 Бодови за 3 2 1 0 Дополнителни бодови за 15 10 6 4 2 0
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија. Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2017 година ќе биде превојот Стелвио.
+ Бодови за бодовниот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 етапи 1–3, 5–7, 12–13 50 35 25 18 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 1 етапи 8, 14–15, 17 25 18 12 8 6 5 4 3 2 1 0 други етапи (освен ) 15 12 9 7
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1992 година.
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.
+ Водството на трката по етапа Етапа ПобедникГенерален пласман25п|link=Генерален пласман на Џиро д’ИталијаБодовен пласман25пПланински пласман25п|link=Планински пласман на Џиро д’ИталијаПласман за млад возач25п|link=Пласман за млад возач на Џиро д’ИталијаТрофеј Брза екипаТрофеј Супер екипа 1 Лукас Пестлбергер Лукас Пестлбергер Лукас Пестлбергер Чезаре Бенедети Лукас Пестлбергер 2 Андре Грајпел Андре Грајпел Андре Грајпел Даниел Теклехајманот 3 Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија 4 Јан Поланц Боб Јунгелс Јан Поланц Боб Јунгелс 5 Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија 6 Силван Дилје 7 Кејлеб Јуан 8 Горка Изагире 9 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Давиде Формоло 10 Том ДимуленТом Димулен Боб Јунгелс 11 Омар Фраиле 12 Фернандо ГавиријаОмар Фраиле 13 Фернандо Гавирија 14 Том Димулен Том Димулен 15 Боб Јунгелс 16 Винченцо Нибали Микел Ланда 17 Пјер Ролан 18 Тиџеј ван Гардерен Адам Јејтс 19 Микел ЛандаНаиро Кинтана 20 Тибо Пино 21 Јос ван ЕмденТом ДимуленБоб Јунгелс На крајТом ДимуленФернандо ГавиријаМикел ЛандаБоб Јунгелс
Забелешки
Пласмани
+ЛегендаГо означува предводникот на генералниот пласманГо означува предводникот на планинскиот пласманГо означува предводникот на бодовниот пласманГо означува предводникот на пласманот за млад возач
Генерален пласман
Бодовен пласман
ВозачЕкипаБодови1 3252 192 3 1174 1005 98 6 80 7 768 76 9 70 10 70
Планински пласман
ВозачЕкипаБодови 1 224 2 118 3 104 4 70 5 70 6 66 7 56 8 55 9 54 10 53
Пласман за млад возач
ВозачЕкипаВреме 1 2 + 1' 06" 3 + 8' 13" 4 + 11' 02" 5 + 1ч 12' 56" 6 + 1ч 22' 30" 7 + 1ч 37' 00" 8 + 2ч 01' 59" 9 + 2ч 02' 26" 10 + 2ч 05' 30"
Победничка екипа
ЕкипаВреме 1 2 + 59' 46" 3 + 1ч 19' 56" 4 + 1ч 24' 52" 5 + 1ч 27' 19" 6 + 1ч 59' 31" 7 + 1ч 59' 41" 8 + 2ч 09' 05" 9 + 2ч 23' 12" 10 + 2ч 41' 45"
Трофеј Брза екипа
ЕкипаБодови 1 516 2 355 3 323 4 308 5 297 6 289 7 286 8 277 9 240 10 239
Помали пласмани
Биле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Пласманот бил освоен од Даниел Теклехајманот (). Друг пласман — наградата за борбеност () — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Пласманот бил освоен од Микел Ланда (). Постоела и награда за бегство (). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Пласманот бил освоен од Павел Брут (). Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот. Пласманот бил освоен од , кои имале само 20 казнени бодови.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Џиро д’Италија Категорија:Италија во 2017 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2017