Жемерсон де Хесус Насименто (роден на 24 август 1992 година), познат како Жемерсон, е бразилски професионален фудбалер кој настапува како одбранбен играч во француската Лига 1 за Монако.
Клупска кариера Роден во Жеремоабо, Бахиа, Жемерсон одигра само како аматер до 2009 година, потпишувајќи подоцна за Депортива. Тој се приклучи на Атлетико Минеиро следната година, откако не успеа на пробата во Палмеирас, Сантос и ФК Васко де Гама.
Атлетико Миниеро Жемерсон го оствари своето деби во 2012 година, додека беше на позајмица во Демократа, и настапи на 12 натпревари. Тој потоа се врати на Гало во август, и дефинитивно беше унапреден во сениорскиот тим во декември.
Жемерсон го имаше своето деби – Првенството на Бразил, Campeonato Brasileiro Série A – на 7 јули 2013 година, започнувајќи го натпреварот со направен пенал и добиен жолт картон. Но неговиот тим сепак победи со 3 : 2 на домашен терен против Крициума. Со враќањето на Леонардо да Силва и Ревер, тој се појави само на пет натпревари во текот на првенството.
Во 2014 година, Жемерсон профитира од сериозната повреда на глуждот на неговиот соиграч Ревер, и поради тоа беше стартер за поголемиот дел од натпреварите во 2014 година во Бразилската Серија А.
Монако На 31 јануари 2016 година, Жемерсон потпиша петгодишен договор со Монако, клубот од Лига 1.
Репрезентативна кариера Жемерсон го оствари својот прв меѓународен повик за фудбалската репрезентација на Бразил во квалификации за Светското првенство 2018 на (CONMEBOL) за натпреварот против Перу на 17 ноември 2015 година.
Наводи
Надворешни врски Atlético Mineiro profile
Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Родени во 1992 година