Ивица Дачиќ ( во ) — српски политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014 година. Во периодот 2014–2017 година, тој бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017 година, Дачиќ повторно ја преземал премиерската положба. Во периодот 1999–2000 година, тој бил претседател на КК Партизан.

Дачиќ дипломирал на универзитетот во Белград во 1989 година, а во 1991 година, тој се приклучил на Социјалистичката партија. Дачиќ брзо напредувал во партиската хиерархија, па така во 1992 година, тој станал портпарол на партијата. Тој многу се угледувал на српскиот претседател и водач на социјалистите, Слободан Милошевиќ, па така се здобил со прекарот „малиот Слобо“. По симнувањето од власт на Милошевиќ на 5 октомври 2000 година, Дачиќ станал член на претседателството на партијата, а по смртта на Милошевиќ во 2006 година, и водач на социјалистите. Дачиќ работел на реформирање на партијата од националистичка во про-ЕУ ориентирана. Оженет е со Сања со која има две деца. Зборува руски и англиски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место

Категорија:Министри за внатрешни работи на Србија Категорија:Министри за надворешни работи на Србија Категорија:Премиери на Србија Категорија:Косовски Срби Категорија:Политичари од Социјалистичката партија на Србија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Призрен