Жарко Кузмановски ( во – во ) — македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Загинал во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.

Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва

мини|лево|300п|Четвртиот вод на ЕСЗ Тигар на чело со генерал Ангелов во полигонот за обука „Стенковец“, Скопје. Опкружените се од лево Жарко Кузмановски, Александар Серафимов, Никола Пехчевски и Оливер Китановски, сите загинати во 2001 година како и Жарко во 2015 година во Куманово. мини|200п|десно|Во дворот на селската црква „Св. Атанасиј“ во Брвеница била подигната спомен-биста

Жарко Кузмановски е роден на 30 јануари 1981 година во Тетово, во семејството на Благуња и Душан Кузмановски. Основно образование завршил во ОУ „Коста Рацин“ во тетовското село Брвеница. Средно образование со успех завршил како кадет во 23. класа во Средното полициско училиште „Елисие Поповски“. Го сакал спортот и за време на школувањето во средното полициско училиште како примерен ученик бил праќан на натпревари за боречки спортови каде освоил повеќе медалји. Во март 2000 година се пријавил на оглас во Единицата за специјални задачи Тигар, каде по успешно поминатите селективни проверки бил примен и упатен на обука.

Со леснотија ги извршувал сите задачи. Од вооружениот конфликт од 2001 па сè до кобната 2015 година каде на 9 мај, во Куманово, при извршување на службени задачи го загуби животот. По дознавање на неговото загинување во борбите во Диво Насеље, Куманово, на социјалните мрежи се ширеше трогателна порака на една мајка за Жарко Кузмановски:

Потресното сведоштво на социјалните медиумите говори за неговите херојски погледи на животот и за неговата големина како човек. Со највисоки почести е погребан на гробиштата во село Брвеница. Жарко Кузмановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија. Кузмановски во жалост го остави своето семејство, сопругата и двајца малолетни синови.

Поврзано Вооружена престрелка во Куманово (2015)

Наводи

Категорија:Брвеница Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Носители на на Медалот за храброст на Македонија Категорија:Македонски бранители Категорија:Македонски полициски службеници убиени на должност