Ненад Новковски (роден на година во Крива Паланка) — македонски професор и политичар.
Животопис
Ненад Новковски е роден на 14 мај 1958 година во градот Крива Паланка. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, каде што матурирал во 1976 година. Во 1976 година се запишал на Факултетот по физика во Скопје. Откако дипломирал во 1980 година, тој станал помлад асистент по физика на тврдо тело при Факултетот за физика. Помеѓу 1981 и 1983 година студирал на Факултетот за електротехника на Белградскиот универзитет. Во 1985 година завршил магистерски степен со одбрана на магистерскиот труд „Нов приод кон теоријата на BSF сончевите ќелии“.
Од 1987 година заминал како стипендист на владата на Швајцарија на научно усовршување во Лозана. Во 1991 година бил избран за доцент на Институтот за физика на ПМФ. Во 1996 година бил избран за вонреден професор по физика на кондензирана материја и по основи на физиката на тврдо тело. Во 2001 година бил избран во звањето редовен професор, а во 2006 година реизбран во ова звање.
Ненад Новковски извршувал повеќе функции, како: раководител на постдипломските студии на Институтот за физика раководител на Заводот за физика на кондензираната материја заменик-главен и одговорен уредник на политичкиот магазин Глас
Политичка кариера
Ненад Новковски бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна станал претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-НП.
Во Владата на Македонија од 1998 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука до 2002 година.
Членство
Ненад Новковски е член на повеќе друштва:
Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) Европското друштво на физичари IEEE Американското друштво на физичари Светската академска асоцијација „Платон“
Наводи
Надворешни врски Биографија на Ненад Новковски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Крива Паланка Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Македонски физичари Категорија:Југословенски физичари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет