Тодор Стефанов Јаковов нерекуван РасимНиколов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 82 (, - , ) — македонски револуционер, деец на МРО и тетовски војвода.
Животопис Јаковов е роден на 10 мај 1881 година во Тетово. Во1902 година убил некој турски убиец и побегнал во планина. За време на Илинденското востание пренел 25 коња, натоварени со оружје, во реонот на војводата Иван Наумов Аљабакот и станал негов четник. До 1906 година останал во четата на Иван Наумов и учествувал во битките кај Павлешенци, Крапа и Ореше.Потоа станал помошник војвода кај скопскиот војвода Васил Аџаларски, но во 1907 година го напуштил скопскиот крај. Подоцна станал самостоен војвода во Тетовско, каде се борел против српската пропаганда.
За време на Првата балканска војна бил определен за војвода на чета во Кривопаланечко, но четата бил расформирана и тој се вклучил во Македонските доброволни чети, каде служел во првата чета на вториот скопски баталјон.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 647. Участвувал во Битката кај Шаркој како командир на вод и бил тешко ранет за време на десантот од 26 јануари 1913 година. По војната се утврдил во Софија и преживувал со ситен занает.Илюстрация Илинден, март 1937 г., бр. 83, стр. 11.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 194.
Наводи
Јаковов Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание