Љупчо Николовски (р. во Крива Паланка) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник. Во февруари 2014 година, бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев. Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик.Биографија на Љупчо Николовски Emagazin.mk (1 јуни 2017)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Политичари од Крива Паланка Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Влада на Република Македонија од 2017 Категорија:Министри за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје