Патрик Шик (роден на 24 јануари 1996, во Прага) — чешки фудбалер, напаѓач на Бајер Леверкузен и на чешката репрезентацијата.

Клупска кариера Спарта Прага Својата кариера Шик ја започнал во Спарта Прага. Минувајќи низ младинските категории на клубот, тој го направил своето деби за првиот тим на 16 април 2014 во натпреварот против Јаблонец во Купот на Чешка во поразот на неговиот тим со 3-1. Неколку недели подоцна тој го направил своето деби во лигата, на 3 мај 2014 влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Јосеф Хушбауер во 84-тата минута во поразот со 3-1 од Теплице.Teplice - Sparta 3:1, eurofotbal.cz, citováno 3. 5. 2014 На 18 ноември истата година, Шик го постигнал својот прв професионален гол во кариерата во ремито 1-1 против Прибрам во Купот на Чешка. На 11 декември 2014 година го направил своето деби во Лига Европа во поразот со 2-0 од швајцарскиот Јанг Бојс.

Бохемианс Во летото на 2015 година, откако запишал 10 натпревари и еден гол за Спарта Прага, бил позајмен на Бохемианс 1905 за кој дебитирал на 27 јули 2015, во поразот со 1-0 од Фастав Злин. Неговиот прв гол за клубот дошол на 12 септември 2015 година против Теплице. На 21 ноември, за првпат во својата про-кариера постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 против Бани Острава. Сезоната 2015-2016 ја завршил со 27 настапи и 8 гола во дресот на Бохемианс.

Сампдорија На 13 јули 2016 година, Сампдорија го купува Шик од Спарта ПрагаSchick è blucerchiato: l’attaccante arriva dallo Sparta Praha a titolo definitivo за сума од 4 милиони €. Играчот избрал да го носи дресот со број 14. Своето деби за Сампдорија Шик го направил на 14 август во натпревар од Купот на Италија во кој популарните блучерати го победиле Басано Виртус со 3-0. Своето деби во Серија А го направил на 21 август во победата со 1-0 на гости против Емполи. На 26 октомври го постигнал својот прв гол во Серија А за сезоната против Јувентус во натпревар кој сепак завршил со висок пораз за Самп од 4-1. На 30 ноември тој бил двоен стрелец во победата со 3-0 над Каљари во Купот на Италија. Својот втор гол во лигата го забележал во победата со 2-0 на домашен терен против Торино на 4 декември, третиот во поразот дома со 1-2 од Лацио а четвртиот во поразот со 2-1 на гостувањето против Кјево. Тој исто така бил голем протагонист во победата со 3-2 над Рома на 29 јануари 2017, влегувајќи во игра во 69-тата минута при резултат 1-2 и само две минути подоцна го изедначил резултатот, а на крајот неговиот тим дошол до целосен пресврт и голема победа над фаворитот. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 32 лигашки настапи и импресивни 11 гола.

Репрезентативна кариера Шик играл за сите младински селекции на Чешка почнувајќи од онаа под 16 до под 21 година. Тој бил најдобар стрелец во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2017 постигнувајќи 10 гола во 9 натпревари помагајќи и на Чешка да се квалификува за завршниот турнир. Во јуни 2017, тој бил повикан во чешката репрезентација под 21 година и за завршниот турнир во Полска.

На 27 мај 2016, го направил своето деби за сениорската репрезентација на Чешка во пријателскиот натпревар против Малта, влегувајќи во игра во 66-тата минута на местото на капитенот Томаш Росицки и постигнал гол во завршницата за да го постави конечниот резултат на натпреварот 6-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 јуни 2017.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноЛигаНастГолКупНастГолКупНастГолКупНастГолНастГол 2013-2014 Спарта Прага 1Л 2 0 КЧ 1 0 - - - - - - 3 0 2014-2015 1Л 2 0 КЧ 3 1 ЛШ+ЛЕ 0+2 0 - - - 7 1Вкупно Спарта Прага 4 0 4 1 2 0 - - 10 1 2015-2016 Бохемианс 1905 1Л 27 7 КЧ 1 0 - - - - - - 28 7 2016-2017 Сампдорија А 32 11 КИ 3 2 - - - - - - 35 13Вкупно во кариерата 63 18 8 3 2 0 - - 73 21

Наводи

Надворешни врски

Патрик Шик на soccerway Патрик Шик на transfermarkt Патрик Шик на Goal.com Патрик Шик на espn Патрик Шик на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спарта Прага Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026