300px|мини|Поглед кон католичката црква во Мбулу Религијата во Танзанија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Тековните статистички податоци за религијата во Танзанија се недостапни затоа што верските истражувања биле елиминирани од извештаите на владините пописи од 1967 година. Религиозните водачи и социолози проценуваат дека муслиманските и христијанските заедници се приближно еднакви по големина, од кои секој учествува со 30 до 40 проценти од населението, додека остатокот се состои од практичари на други религии или на домородните религии и луѓе без религијаInternational Religious Freedom Report 2007: Tanzania. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост..
Статистички податоци
Долго време според поголемиот дел од податоците, се проценува дека околу една третина од населението го следи исламот, христијанството и традиционалните религииSo repeated here: .
Анкетата на Pew од 2010 година покажа дека 19,8% од испитаниците се муслимани, 74,2% се христијани, 3,2% ги следат традиционалните африкански религии, 2,7% се останати или нерелигиознии и 0,1% се хиндуисти. Статистиката поврзана со религијата за Танзанија се смета за заштитена и несигурна во поглед на добиените резултати.
Околу 98% од населението во Занзибар е муслиманско. Исто така постојат и активни заедници на други религиозни групи, како што се будисти, хиндусти, сики и бахаи.
Аврамски религии Христијанство
Христијанството во Танзанија е најголемата религија во државата. Според студијата на Бирото за демократија, човекови права и труд на САД од 2009, 62% од вкупното население се христијани, 35% се муслимани и 3% останати религии. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост. Според ЦИА, 30% од населението се христијани, муслиманите биле 35%, а локални религии се 35%.
Христијаните во државата се претежно Католици, но и лутеранци, англиканци, Мормони и Јеховини Сведоци. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост. Православната црква тврди дека има околу 60.000 приврзаници во Танзанија. Студијата од 2015 година проценува околу 180.000 христијански верници од муслиманско потекло во земјата, од кои повеќето се протестанти од некоја деноминација.
Ислам
Исламот е религија на околу 15% од луѓето од Танзанија или околу 16.73 милиони (35%) според други извори. На копното, муслиманските заедници се концентрирани во крајбрежните области, а некои големи муслимански мнозинства ги има и во внатрешноста на урбаните средини, особено по должината на поранешните патни каравани. Повеќе од 99% од населението на Занзибарскиот Архипелаг е муслиманско.
Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа, под влијание на суфизмот, но постојат и мали заедници кои го следат Ахмадија или пак се шиити. Според истражувачкиот центар на Pew, две третини од муслиманското население во Танзанија е сунитско, додека останатото е шиитско (20%) или припадници на Ахмадија (15%).
Бахајство
Бахајството во Танзанија било донесено во 1950 година, додека првиот жител кој го прифатил бахајството било во 1952 година. Во 1956 година било избрано регионално собрание Во 2005 година верниците на бахајството биле проценети на околу 163.800 приврзаници.
Наводи