300px|мини|Катедралата Рубага, седиштето на Римокатоличката црква Религијата во Уганда има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Уганда е религиозно разновидна нација, а христијанството и исламот се најголемите религии. Според пописот од 2014 година, над 84% од населението било христијанско, додека околу 14% од населението се придржувало на исламот. Во 2009 година, во северниот и западниот дел на Нил доминирале Римокатолиците, додека во округот Иганга во источниот дел од земјата имало сконцентрирано најголем процент на муслимани.
Слободата на религијата е загарантирана со уставот на Уганда, но од религиските групи се очекува да бидат регистрирани кај владата. Некои религии кои се сметаат за култови се ограничени. Католичката црква, Црквата на Уганда, Православната црква и Врховниот совет на муслиманите на Уганда се регистрирани според законот. Повеќето други верски групи се регистрираат годишно како невладини организации.
Статистички податоци
Религиозна припадност во Уганда Припадност 1991 2002 2014 Census 2014 Final Results Христијани 85.4% 85.2% 84.5% Римокатолици 44.5% 41.9% 39.3% Црква на Уганда (англиканци) 39.2% 35.9% 32.0% Пентекости -Пописот од 1991 година немал посебни категории за „Никоја“ и Пентекости, па категоријата „Други христијани“ од 1991 година ги вклучува Пентекостите а во категоријата „Други христијани“ од 1991 година спаѓаат Бахајството и категоријата „Никоја“. 4.6% 11.1% Адвентисти 1.1% 1.5% 1.7% Баптисти -Во пописите од 1991 и 2002 година немало посебни категории за „Баптисти“, а имало и посебни категории за „Други христијани“ и „Други нехристијани“ и „Бахајство“", па категоријата од 2014 „Други“ ги опфаќа и овие (без Баптистите). Пописот наведува дека „Други“ ги вклучува оние религии со помалку од 1% од населението и конкретно ги споменува Армијата на спасот, Бахајство, Јеховини сведоци, Презвитеријанство, Хиндуизам, Јудаизам и Будизам. - 0.3% Православни <0.1% 0.1% 0.1% Останати христијани 0.6% 1.2%Ако Пентекостите се спојат за да овозможат подобра споредба со пописот од 1991 година за „Други христијани“, нивниот процент би бил 5,8%. - Муслимани 10.5% 12.1% 13.7% Традиционалисти - 1.0% 0.1% Бахаи - 0.1% - None - 0.9% 0.2% Останати нехристијански верници 4.0% 0.7%Доколку Бахајството и „Никој“ се спојат за да овозможат подобра споредба со пописот од 1991 за „Други нехристијани“, нивниот процент би бил 1.7% - Останати - - 1.4% Notes
Христијанство
Според националниот попис од октомври 2002 година, христијаните од сите деноминации сочинуваат 85,1% од населението на Уганда. Римокатоличката црква има најголем број приврзаници (41,9% од вкупното население). Најголема протестантска црква е Англиканската црква на Уганда, дел од светската англиканска заедница која има на 35,9%. Пентекостите зазимаат 4,6%, додека 1,0% биле групирани под категоријата „Други христијани“.
Јеховините сведоци работат во Уганда под името на „Меѓународна библиска асоцијација на студентите“ и работат на вкупно десет јазици, вклучувајќи ги свахилски јазик и луганда. Следбениците на Вилијам Бранхам тврдат дека имаат десетици илјади верници, благодарение на голем дел од напорите за превод и дистрибуција на „Гласот на Бог“.
Презвитеријаните во Уганда имаат 100-200 собранија. Реформираната презвитеријанска црква во Уганда била формирана како резултат на поделбата во Презвитеријанската црква.
Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни тврди дека има повеќе од 14.000 членови во 27 собранија во Уганда. Тие исто така имаат два семејни центри за историја.
Квекерите имаат два годишни состаноци. Во 2001 година броеле околу 3.000 членови.
Една студија од 2015 година проценува дека околу 35.000 христијански верници имаат муслиманско потекло.
Ислам
Исламот во Уганда пристигнал од север и преку внатрешните мрежи на источноафриканската крајбрежна трговија до средината на 19 век. Некои муслимани во Баганда го следеле примерот на Мутеса I кога тој заедно со своето семејство го прифатил исламот.
Според Националниот попис во 2002 година, исламот во Уганда се практикувал од 12,1% од населението. Сепак, Pew Research Center во 2014 година проценува дека 11,5% од населението на земјата биле муслимани. Најголемиот дел од муслиманите во Уганда се сунити. Мали шиитски малцинства и припадници на Ахмадија се исто така присутни.
Според проценките објавени во 2009 година, округот Иганга на исток од Уганда има најголем процент муслимани.
Во јуни 2016 година, најмалку шест муслимански селани убиле христијанка во селото Наиговија Луука откако одбила да ја даде својата земја за изградба на муслиманска џамија. Муслиманските роднини на една христијанка ја отруле својата ќерка која јадела во текот на денот на Рамазан.
Во извештајот од јули 2016 година, поранешниот имам го изгубил своето семејство, дом и бизнис откако неговото семејство и роднини дознале дека станал христијанин. Тој избегал откако ги слушнал нивните планови за негово убиствоMuslim Imam converts to Christianity in Uganda; Resulting persecution sees him lose family, home and business. 26 July 2016. Retrieved 25 December 2016.
Хиндуизам
Хиндуизмот во Уганда пристигнал кога колонијалната Британска Империја довела хиндуистички верници заедно со другите индиски работници во своите источноафрикански колонии кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Оваа имиграција во Уганда требало да помогне во изградбата на железничката пруга Кенија-Уганда која ги поврзува делови од Уганда и Кенија. Најголемото заминување на Хиндустите од Уганда се случило кога генералот Иди Амин ги протерал и им ги конфискувал нивните имоти во 1972 година
Покрај градењето на големи инфраструктурни проекти, Хиндусите биле дел од глобалното движење на работници во делови од Британската Источна Африка, со цел да им помогнат на британската влада да воспостави услуги, малопродажни пазари и административна поддршка.. Британците поканиле индиски работници бидејќи локалната квалификувана работна сила била недостапна. На врвот на инфраструктурните проекти во Уганда-Кенија, од Индија биле донесени 32.000 луѓе. Речиси 2.500 работници загинале поради тешки и небезбедни работни услови за време на овие проекти. По завршувањето на проектот, речиси 70% од работниците се вратиле во Индија, додека околу 6.000 биле апсорбирани во други британски операции, како што се малопродажбата и администрацијата.
Бахајство
Бахајството во Уганда започнало да расте во 1951 година, а четири години подоцна во земјата веќе имало 500 верници на 80 локации, вклучувајќи 13 локални духовни собранија. Во време на владеењето на Иди Амин, бахајството било забрането а Енох Олинга заедно со неговот семејство биле убиени. Денес, заедницата продолжува да расте, иако процентот на населението опфаќа од 19.000 на 105.000.
Наводи