Религијата во Малави има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е христијанството, додека втора по големина е исламот, иако точните бројки се оспорени. Има ограничени податоци со многу различни проценки за верската припадност во земјата. Според проектот за верска припадност во Малави, што го води Универзитетот во Пенсилванија од 2010 година, околу 69% од населението се идентификува како христијани, 26% како муслимани и 5% како останати односно други. Следната статистика била направена од ЦИА во 1998 година според која 82% од населението е христијанин, а 13% се муслимани.
Христијанство thumb|десно|250п|Црква во Малави
Најголеми христијански деноминации се Римокатоличката црква и Презвитеријанската црква на Централна Африка (CCAP). Протестантите формираат половина од населението, а римокатолиците уште една петтина од населението. CCAP е најголемата протестантска деноминација во Малави со 1,3 милиони членови. Постојат помали презвитеријански деноминации како Реформираната презвитеријанска црква на Малави и Евангелистичката презвитеријанска црква на Малави. Исто така, има помал број англиканци, Баптисти, Јеховини сведоци (приближно 89.000), Евангелисти, Адвентисти на седмиот ден и лутеранци итн. Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни имала нешто над 2.000 членови во земјата на крајот на 2015 година..
Ислам thumb|десно|250п|Џамија во Малави Исламот е втора по големина религија во Малави по христијанството. Речиси сите муслимани во Малави се придржуваат кон сунитскиот ислам, или од редовите Кадрија и Ахмадија. Иако е тешко да се процени, според CIA Factbook, во 2008 година околу 12,8% од населението во земјата било муслиманско, но така ниската бројка е одбиена од страна на муслиманските организации во земјата кои тврдат дека муслиманите се околу 30-35%. Според Муслиманското население во земјата главно е сконцентрирано во јужниот регион на земјата.
Бахајство
Бахајството во земјата пристигнало пред Малави да прогласи независност. Пред Првата светска војна, територијата на денешна Малави била дел од Нисасленд, а потоа Абдул Баха, тогашниот водач на религијата, побарал од следбениците на верата да патуваат во регионите на Африка.. Како дел од големиот пораст на религијата во Потсахарска Африка, религијата била воведена во овој регион кога раноафриканските верници патувале од Тангањика во 1952 година, а во 1953 година следеле и верниците од Иран. Движењето истата година било познато како Федерација на Родезија и Нисасленд. Во текот на една деценија се одржале пет собранија на бахајските верници. Во 1970-тите години во земјата постоеле 12 локални собранија и едно национално духовно собрание. Во 2003 година се проценува дека во земјата живееле околу 15.000 верници, додека Светската христијанска енциклопедија од 2001 година го проценила членството на 24.500, а во 2005 година нивната проценка била околу 36.000 верници..
Останати
Други религиозни групи во земјата вклучуваат Растафаријци, Хиндуси и околу 300 евреи. Атеистите сочинуваат околу 4% од населението, иако овој број може да вклучува луѓе кои практикуваат традиционални африкански религии.
Наводи