Македонски национален фронт — патриотска организација во Република Македонија формирана со цел обединување на македонските патриоти. На 6 април 2017 година, 22 патриотски здруженија се обединија под покровителство на националниот фронт.
Прва повелба на Македонскиот национален фронт
Повелбата за стратешка соработка за заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија е повелба на Македонскиот национален фронт односно македонските патриотски здруженија во која се истакнуваат ставовите на организацијата. Повелбата е усвоена на 6 април 2017 за време на првото заседание на националниот фронт на кој учествувале 22 патриотски здруженија од Република Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски национален фронт