Preply или Приплај е меѓународно претпријатие за обука и едукација со седиште во Брајтон, Масачусетс, што нуди можност за поврзување на ментори со ученици, независно дали локално (лично) или на дистанца (преку Скајп). Платформата преку која се спроведува поврзувањето – preply.com – користи алгоритам за класификација и препорачување на посоодветни тутори.
Историја На инаутуративната IDCEE конференција за интернет технологии и иновации, Приплај е прогласена за една од најнадежните стартап компании во Украина. Веднаш потоа, стартапот e повлечен од инкубаторот Истлабс, па по почетна инвестиција од $175.000, го лансира мрежното место preply.com во ноември 2012. Основана од Сергеј Лукјанов, Дмитро Волошин и Кирил Бигај – нејзиниот моментен директор – компанијата првично ги освојува украинскиот, рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар, пред да се прошири на полскиот и да добие уште еден грант од $120.000 преку берлинската подружница на TechStars. На почетокот од 2016 година, влегува и на бразилскиот пазар. Откако добива уште еден грант во вредност од 1,3 милиони долари во јуни 2016, Приплај објавува план да се прошири и на уште три пазари: Велика Британија, Германија и Шпанија.
Услуги Според една статија од февруари 2017 година, на preply.com се регистрирани над 47.000 ментори, кои нудат помош за 40 различни предмети, 27 од кои се исто толку светски јазици. До јули 2017 година, според интерните статистики на самата компанија, речиси 100.000 ученици успешно нашле ментор користејќи ја платформата. Се проценува дека менторите одржуваат околу 30.000 часа месечно за цена што варира меѓу $2 (минимум) и $100.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Претпријатија од Брајтон Категорија:Претпријатија од Масачусетс Категорија:Американски семрежни претпријатија Категорија:Претпријатија за обука и едукација