Расипан телефон – друштвена игра која особено им е омилена на децатаОмилени детски игри: Сте играле „Расипан телефон“, „Штркот бара боја“?. Нејзиното потекло не е познато. Минималниот број на играчи е 3, а може да биде и стотина. Вообичаеното времетраење на една игра е минута до две за пет до десет играчи.

Опис Играта расипан телефон се состои од брзо пренесување од уста на уво од играч до играч во низата на израз или реченица кој го смислува првиот играч. Последниот играч треба гласно да го изговори тоа што го слушнал.

Се споредува изговореното со почетната верзија. Заради брзината, евентуални артикулативни грешки, изговорот, конфузијата меѓу зборовите и гласовите, крајната реченица може да биде сосема поинаква од почетната.

Интересноста на играта расте со бројот на учесници и сложеноста на пораката.

Правила Секој учесник му ја предава реченицата на својот сосед без притоа да биде слушнат од останатите и не смее да ја повторува доколку соседот не ја слушнал добро.

Цел на играта Да се пренесе пораката усно од првиот до последниот учесник и притоа да се зачува интегралноста на пораката.

Поставеност Потребно е само да се направи низа од играчите.

Одвивање Играчите се поставуваат еден до друг. Првиот измислува реченица и му ја шепнува на вториот без притоа да го слушнат останатите, овој пак на третиот и така до последниот играч, кој пак гласно ја соопштува пораката што ја слушнал.

Крај на играта и победник Еден круг од играта завршува кога пораката ќе стигне до последниот играч.

Нема поединечни победници. Победата е колективна. Групата победува доколку последниот играч ја соопшти почетната порака.

Наводи

Категорија:Забава Категорија:Игри Категорија:Друштвени игри