Меланија Кнаус Трамп (, родена Меланија Кнавс, Melanija Knavs , април 26, 1970; германизирано во Melania Knauss) е првата дама на САД. Пред да се омажи за претседателот Доналд Трамп во 2005 година, таа работела како модел.

Родена е во градот Ново Место во Словенија, тогаш позната како Социјалистичка Република Словенија во рамките на Југославија. Таа станала постојан жител на САД во 2001 година, а добила државјанство во 2006 година.

Трамп е првата натурализирана американска граѓанка која станала прва дама, а втора прва дама која е родена во странство, првата е Луиза Адамс која е родена во Лондон.Waxman, Olivia B., "Meet the Only First Lady Before Melania Trump Not to Have Been Born in the U.S.", Time, November 9, 2016.

Наводи

Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Словенечки модели Категорија:Први дами на САД Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ново Место Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет