Иван Далкалчев (1872-1931) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 79.
Животопис Роден е во селото Владово, Воденско. Завршил петти клас во егзархиската гимназија во Битола. Се зачленил во редовите на ТМОРО во 1898 година. Бил раководител на селскиот револуционерен комитет на Организацијата во неговото родно село. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година и бил избран за член на горското началство во Воденско. Останал во Воденско до 1904 година кога заминал во Бугарија.
Починал во Софија, Бугарија.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во 1931 година