Никола Даскалов (1877-1903) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 81.

Животопис Роден е во градот Мехомија (Разлог). Завршил духовна богословија во Цариград. Во 1901/02 година бил назначен за учител во градот Неврокоп (Гоце Делчев). Учителствувал и во градот Скопје.

Бил избран за член на скопскиот окружен комитет на ТМОРО во 1902 година. Во окружниот комитет бил назначен за благајник. Со почетокот на Илинденското востание, решил да стане нелегален и да и се придружи на четата на војводата Никола Пушкаров. Движејќи се од село во село во потрага по четата, паднал во заседа и загинал во судир со турската војска. Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Луѓе од Мехомија Категорија:Родени во 1877 година