Струмка — газиран безалкохолен пијалак кој се произведува од страна на „Грозд“ - Струмица.

Производството на Струмка има голема традиција на просторот на Македонија. Има специфична арома на крушка. Се нуди во стаклена форма од 0,25 л, како и во пластичен облик од 1,5 и 0,5 литри.

Главно производот е наменет за пазарот во Македонија, но освен тоа се извезува и во земјите од поранешна Југославија, Европа и Америка.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Офцијално мрежно место на Грозд - Струмица

Категорија:Економија на Струмица Категорија:Македонски безалкохолни пијалаци