Љубиша Самарџиќ - Смоки (роден на во — починал на во ) — српски и југословенски глумец.

Животопис

Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје во семејство на рудари во 1936 година. Студирал право, но потоа се префрлил на Академијата за драмски уметности во Белград. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнал да глуми во театарот. Првата улога ја остварил во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следувале низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја добил и наградата Гранд-при во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумел во партизански филмови, а напоредно остварил и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја добил тогаш највисоката државна награда „АВНОЈ“, кој првпат се доделила на филмски глумецПочина глумецот Љубиша Самарџиќ (24vesti.com.mk).

Кон крајот на 2016 година бил опериран поради тумор на мозокот, по кое останал неподвижен. Починал по подолго боледување на 8 септември 2017 година во Белградhttp://www.rts.rs/page/stories/ci/story/124/drustvo/2863551/preminuo-ljubisa-samardzic.html.

Награди

Златен лав за улога во филмот Утро (1967) Глумечки пар на годината — заедно со Милена Дравиќ за улога во филмот Утро во (1968) Гран-при за улога во филмот Битка на Неретва во Ниш (1970) Златна арена за улога во филмот Бомбаши (1973), Доктор Младен (1975) и Работа на одредено време (1980) Глумечки пар на годината — заедно со Весна Чипчиќ за улога во телевизиската серија Жежок ветар на Филмскиот фестивал во Ниш (1980) Гран-при за улогата на Боривој Шурдиловиќ (1983) Награда Павле Вуисиќ за животно дело (август 1995) Награда „АВНОЈ“ (1988) Награда на академијата Иво Андриќ за животно дело (2005) Награда Милан Жмукиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови (2016)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Југословенски глумци Категорија:Српски глумци Категорија:Српски филмски режисери Категорија:Добитници на наградата „АВНОЈ“ Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Луѓе од Ниш Категорија:Македонски Срби Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)