„Добриот војник Швејк“ (чешки DOBRÝ VOJÁK ŠVEJK) е чехословачки филм од 1956 година, во режија на Карел Стекли, кој е автор и на сценариото, засновано врз сатиричниот роман на Јарослав Хашек од 1923 година, „Доживувањата на добриот војник Швејк во светската војна“. Главните улоги ги играат: Рудолф Хрушински, Франтишек Филиповски, Сватоплук Бенеш, Божена Хавличкова и Ева Свободова. Во 1957 година, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, режисерот Стекли бил номиниран за наградата „Кристален глобус“.

Содржина Госпоѓата Милерова (ја игра Свободова) го известува потстанарот Швејк (го игра Хрушински) дека е убиен престолонаследникот Франц Фердинанд. Швејк оди во пивницата, каде полицискиот агент го намавува да зборува за политиката, со намера него и сопственикот на пивницата да ги уапси поради велепредавство. Потоа, Швејк го испитуваат полицајците и психијатрите, по што го ослободуваат сметајќи го за глупав. Сепак, наспроти болките во нозете, Швејк се пријавува во војската...

Наводи

Категорија:Филмови на Карел Стекли Категорија:Филмови со Рудолф Хрушински Категорија:Филмови со Франтишек Филиповски Категорија:Филмови со Ева Свободова Категорија:Филмови со Сватоплук Бенеш Категорија:Филмови со Божена Хавличкова Категорија:Филмови на чешки јазик Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Чехословачки филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за Првата светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Прага