Големите исчекувања (англиски: Great Expectations) — тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Дејвид Коперфилд, кој целосно е напишан во прво лице. Првично, романот бил издаден во вид на серијал во неделникот „Низ текот на целата година“ („All the Year Round“) од 1 декември 1860 до август 1861. Во октомври 1861 година Чапман и Хал го издал романот во три тома.; ;
Приказната се одвива во Кент и Лондон во раните години на 19 век и во него се опишани некои од најзначајните сцени на Дикенс., introduction. „Големите исчекувања“ е преполн со екстремни сцени - сиромаштија, затвори на бродови, ланци и борви до смрт— и има разновиден сет на ликови кои станале дел од популарната култура низ светот, а особено англо-говорниот свет. Делата на Дикенс се испреплетени од љубов и одбивања, богатство и сиромаштија, борбата меѓу лошото и доброто и слично. Овој роман е популарен меѓу читателите и критичарите, а истиот е преведен на скоро сите светски јазици.
Ликови
Пип и неговото семејство Филип Пирип-Пип Џои Гаргери, зет на Пип Џорџијана Марија, г-ца Џои, сестра на Пип Г. Пумблчук, чичко на Џои Гаргери
Госпоѓа Хевишем и семејството Г-ѓа Хевишем, богата стара мома која го зема Пип со неа и нејзината посвоена ќерка Естела. Естела, посвоена ќерка на г-ѓа Хевишем, Метју Покет, братучед на г-ѓа Хевишем, Херберт Покет, син на Метју Братучед Рејмонд, роднина на г-ѓа Хевишем, Џорџијана, роднина на г-ѓа Хевишем, Сара Покет, сестра на Метју
Детството на Пип Осуденикот, осуденик кој бега од затвор, Господин и госпоѓа Хабл, соседи на Пип Биди, втора братучетка на Вопсл,
Господин Џегерс и неговите блиски Господин Џегерс, познат лондонски правник Џон Вемик, службеник кај Џегерс Моли, слуга на Џегерс
Антагонисти Компејсон, осуденик и бегалец Артур Хевишем, млад полубрат на г-ца Хевишем Долџ Орлик, работник кај Џои Гаргери Бентли Драмл, неинтелегентен млад маж од богата фамилија
Наводи
Надворешни врски Е-книги Големите исчекувања ePub, Mobi, PDF Големите исчекувања на Семрежен архив
Големите исчекувања – HTML верзија Големите исчекувања – PDF скенови
Друго Оригинален ракопис Статија на Дејвид Паркер за Дикенсоновиот Лондон Карта на Дикенсоновиот Лондон
Категорија:Романи на Чарлс Дикенс Категорија:Англиски романи