Ова е статија за селото во јужниот дел на Општина Штип. Да не се меша со истоимената населба споена со Штип.
Ново Село — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Потекло на името
мини|300п|лево|Остатоци од некогашното село
Името на селото првпат е споменато во век (1527 г.) во турски документи. Името на селото е најчесто сретнуваното во Македонија и неговото значење е едноставно: спојување на придавката „ново“ со именката „село“, што доаѓа од мало населено место.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Општина Штип. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 430 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 25,3 километри.
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат за селото Брест, кој пак започнува од регионалниот пат 1204.
Во посеверниот дел на атарот, во правец запад-исток тече Маденска Река, а напоредно на неа минува делницата А4.
Историја
мини|300п|десно|Поглед на ридот Плоча, во непосредна близина на регионалниот пат 1204, кој се наоѓа помеѓу атарите на селата Брест и Ново Село
Подрачјето на Ново Село е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 12,3 километри квадратни.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 55 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело 13 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Ново Село било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Ново Село се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2309 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во селото Брест.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Бара — населба од доцноантичко време; Богородичен Даб — населба од доцноантичко време; и Стари Гробишта — некропола од средниот век.
Реки Маденска Река - река во близина на селото
Личности
Родени во или по потекло од Ново Село Блажо Анчов (1922-1945) — учесник во НОБ Глигор Арсов (1923-1944) — учесник во НОБ
Поврзано Општина Штип
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип Категорија:Раселени села во Македонија