Ченаб или Чанаб (, , ) — значајна река во Индија и Пакистан. Извира во горните делови на Хималаите, во округот Лахаул и Спити на сојузната држава Химачал Прадеш, Индија. Се образува со слевање на реките Чандра и Бага. Тече низ Џаму (сој. држ. Џаму и Кашмир) и продолжува во низината на Пенџаб, Пакистан. По договор, водите на Ченаб му припаѓаат на Пакистан.

Историја За реката се знаело уште во ведскиот период (XVI-VII век п.н.е.) кога се нарекувала Чандрабанга () или Асикни (), а меѓу древните Македонци како Искмати () и Акесин.https://www.britannica.com/place/Chenab-River, Chenab River on Encyclopædia Britannica, 8 декември 2016Статија за Ченаб на Британика Во 325 г. п.н.е. Александар Македонски го основал градот Александрија на Инд (на местото на денешните Уч, Митанкот или Чачаран во Пакистан) на вливот на Панџнад во Инд.

Галерија

Поврзано Панџнад Александрија на Инд Џелам (Хидасп)

Наводи

Надворешни врски

Чинаб — Голема советска енциклопедија Ченаб на Енциклопедија Британика 1911

Категорија:Реки во Индија Категорија:Реки во Пакистан Категорија:Индски слив Категорија:Географија на Химачал Прадеш Категорија:Географија на Џаму и Кашмир Категорија:Пенџаб (Пакистан) Категорија:Меѓународни реки во Азија