Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар (англиски: Pirates of the Caribbean: Salazar's Revenge), се сретнува и како Пиратите од Карибите: Мртвите не раскажуваат приказни (англ. Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales) — американски филм од 2017 година, во режија на Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг. Главните улоги ги играат: Џони Деп, Џефри Раш, Хавиер Бардем, Брентон Твејтс, Каја Скоделарио, Кевин Макнали, Орландо Блум, Кира Најтли, итн. Филмот претставува петти дел од серијалот „Пиратите од Карибите“.
Премиерата на филмот во САД била на 26 мај 2017 г., а во Македонија на 25 мај истата година.
Содржина Карина Смит (ја игра Скоделарио), одгледана во сиропиталиште, наследила од својот татко тетратка со тајна карта, со помош на која се стигнува до островот каде се наоѓа тризабецот на Посејдон. Истовремено, младото момче Хенри Тарнер (го игра Твејтс), синот на Вил Тарнер, го ослободува капетанот Џек Спароу (го игра Деп) од затворот, со цел да ја тргне магијата што го разделува од татко му. Истовремено, еден призрачен брод, предводен од капетанот Салазар (го игра Бардем) го заробува бродот на капетанот Хектор Барбоса (го игра Раш), а за да си го спаси животот, Барбоса му ветува дека ќе го одведе до Џек Спароу. Капетанот Салазар упорно го бара Спароу, кој во младоста му избегал, исмејувајќи го. Капетанот Салазар успева да го стигне Џек Спароу, но тој се спасува благодарејќи на тоа што морнарите духови не смеат да стапнат на копно. Капетанот Барбоса ги заробува Спароу, Хенри Тарнер и Карина Смит, а таа го носи неговиот брод до островот, но нив ги следи капетанот Салазар. На крајот од филмот, во борбата меѓу морнарите духови, екипажот на Барбоса и екипажот на Џек Спароу, кога се чини дека сè е загубено, Барбоса свесно се жртвува себеси и го повлекува Салазар во длабочините, со цел да ја спаси Карина, која е неговата ќерка. Хенри останува заедно со Карина, а истовремено, тој ги среќава своите родители, Вил Тарнер (го игра Блум) и Елизабет Свон (ја игра Најтли).IMDb, Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales (2017) (пристапено на 30.9.2017)
Улоги
|Џони Деп |капетан Џек Спароу |- |Хавиер Бардем |капетан Армандо Салазар |- |Брентон Твејтс |Хенри Тарнер |- |Каја Скоделарио |Карина Смит / Барбоса |- |Кевин Макнали |Џошами Гибс |- |Џефри Раш |капетан Хектор Барбоса |- |Стивен Грем |Скрам |- |Орландо Блум |Вилијам „Вил” Тарнер |- |Кира Најтли |Елизабет Свон-Тарнер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови со Џони Деп Категорија:Филмови со Хавиер Бардем Категорија:Филмови со Орландо Блум Категорија:Филмови со Кира Најтли Категорија:Филмови со Џефри Раш Категорија:Пиратите од Карибите Категорија:Акциони филмови Категорија:Филмови за пирати Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Американски акциони филмови