Рајнер Вајс (); (, - ) — американски физичар од германско потекло на полето на гравитациската физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за детекторот ЛИГО и опсервациите на гравитациските бранови“.
Животопис Рајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс. Неговата мајка, христијанка, била глумица. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД.
Образование Вајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата годинаMeet the College Dropout who Invented the Gravitational Wave Detector Adrian Cho Science 4 August 2016 и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас.
Награди и почести Меѓу неговите награди се: Ајнштајнова награда (2007) Специјална награда за фундаментална физика (2016) Груберова награда за космологија (2016) Шоова награда (2016) Кавлиева награда (2016) Харвејева награда (2016) Награда на принцезата од Астурија (2017) Нобелова награда за физика (2017)
Наводи
Категорија:Германски физичари Категорија:Американски физичари Категорија:Еврејски физичари Категорија:Германски нобеловци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Професори на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Норвешката академија на науките Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Добитници на Кавлиевата награда за астрофизика