Маријци (мариски: мари) — угрофински народ, кој традиционално живее покрај реките Волга и Кама во Русија. Половина од мариското население живее во руската република Мариј Ел, а добар дел има и во руските републики Башкортостан и Татарстан. Порани во Русија народот го нарекувале како Черемиси.

Маријците се делат на три подгрупи, односно: ливадски Маријци или низински Маријци, кои живеат покрај левиот брег на реката Волга, потоа планински Маријци, кои живеат покрај десниот брег на реката Волга и источни Маријци, кои живеат во Башкортостан. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 604,298 Маријци, од кои 18,515 планински Маријци и 56,119 источни Маријци. Скоро 60% од Маријците живеат во руралните средини.Всероссийская перепись населения 2002 года, мини|250п|Положба на Републике Мариј Ел во Русија Јазик

Мајчин јазик на Маријците е марискиот јазик. Марискиот јазик е дел од група на уралски јазици. Денес јазикот се пишува на кирилица. Јазичарите препознаваат четири различни дијалекти на марискиот: планинско-мариски дијалект - се зборува покрај десниот брег на Волга, низинско-мариски дијалект - се зборува покрај левиот брег на Волга и реката Кокшага, источномариски дијалект - се зборува источно од реката Вјатка

Според пописот од 2002 година, 451,033 луѓе изјавиле дека зборуваат мариски.

Поврзано Мариј Ел Мариски јазик

Наводи

Надворешни врски MariUver, блог за мариската култура и прашања Последните пагани на Европа Фото-приказна за Маријците Енциклопедија на мариската митологија

Категорија:Угрофински народи Категорија:Народи во Русија