Филип Виктор Еландер (роден на 22 април 1993 во Малме) — шведски фудбалер, играч од одбраната на Ренџерс и на Шведската репрезентација.

Клупска кариера Малме thumb|left|200px|Еландер во Малме во 2013 Еландер го направил своето деби со Малме во Алсвенскан во натпреварот против Сиријанска на 17 октомври 2011 година. Следната сезона Еландер бил стартер на почетокот играјќи во пар со Понтус Јансон во центарот на одбраната, но потоа бил заменет со Даниел Андерсон. На 17 јули 2012 година, Еландер го потпишал првиот професионален договор со Малме до крајот на сезоната 2015. По летната пауза, Еландер го истиснал Андерсон од почетната постава завршувајќи ја сезоната како редовен стартер во одбраната. Еландер одиграл вкупно 12 лигашки натпревари за Малме за време на сезоната 2012.

Освојувањето на титулата во Алсвенскан 2013 се покажала како сезона на пробивот за Еландер во која тој одиграл 18 натпревари за клубот. Тој исто така бил повреден во раната фаза од сезоната и бил заменет на стартот од Ерик Јохансон, но подоцна го вратил своето место во тимот во вториот дел од сезоната. Следната сезона 2014 Еландер играл редовно во текот на целата кампања, во која клубот ја одбранил титулата во лигата и се квалификувал за групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015. Тој, исто така, го постигна својот прв првенствен гол за Малме на 23 август 2014 во победата со 3-0 против Норчепинг. Со својте одлични игри во лигата Еландер бил номиниран за наградата Алсвенскан дефанзивец на годината. Тој исто така бил номиниран за шведски дефанзивец на годината во Fotbollsgalan.

Хелас Верона На 22 јули 2015, Еландер потпишал за Хелас Верона, екипа од италијанската Серија А. На 23 септември, дебитирал во лигата против Интер во поразот со 1-0 на Сан Сиро. Во следниот натпревар против Лацио на домашен терен, тој повторно бил стартер и го постигнал својот прв гол во Серија А во 33-тата минута од натпреварот, во кој сепак Лацио победил со 2-1. На 7 февруари тој постигнал уште еден гол во ремито 3-3 со Интер. Својата прва и единствена сезона во Верона ја завршил со 24 настапи во Серија А и два постигнати гола. По завршувањето на сезоната Верона испаднала од највисоката лига во Италија и Еландер го напуштил клубот.

Болоња На 31 август 2016 година, Еландер и се приклучил на Болоња на заем до крајот на сезоната, со обврска да потпише перманентен договор на крајот на сезоната. Како дел од договорот, Николо Керубин се преселил во Верона. Во првата сезона во дресот на Болоња одиграл само 11 натпревари и постигнал еден гол во ремито 1-1 против на Олимпико.

На 12 јуни 2017 година, Елендер потпишал договор со Болоња на конечна основа. За време на сезоната 2017-2018, Еландер нашол повеќе простор за игра под водството на тренерот Роберто Донадони, играјќи 29 натпревари без постигнат гол. Сепак, тој морал да ја заврши истата сезона предвреме, уште на почетокот на април 2018 година поради повреда. Вкупно за рособлу одиграл 63 натпревари и постигнал 1 гол.

Ренџерс На 13 јули 2019, Еландер бил објавен како ново засилување на шкотскиот Ренџерс во трансфер вреден 3.5 милиони фунти. Своето деби го направил во натпревар од Шкотскиот Лига куп против Ист Фајф, постигнувајќи и гол во победата на Ренџерс со 3-0.

Репрезентативна кариера Својот прв повик во сениорската репрезентација Еландер го добил за натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2016.

Титули Клупски Малме Алсвенскан (2): 2013, 2014 Суперкуп на Шведска (1) : 2014

Репрезентација Европско првенство за играчи под 21 година (1) : 2015.

Наводи

Надворешни врски

Филип Еландер на soccerway Филип Еландер на transfermarkt Филип Еландер на espn Филип Еландер на whoscored Филип Еландер на tuttocalciatori Филип Еландер на goal.com

Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година