Пермски јазици — подгрупа на уралските јазици. Јазиците се зборуваат во неколку региони во западниот дел на Урал во Русија. Вкупниот број на говорници на овие јазици е околу 950.000 жители, од кои 550.000 жители зборуваат удмуртски. Како и останатите уралски јазици, така и пермските се претежно аглутинативни и имаат богат систем на падежи. Сепак, за разлика од останатите уралски, овие јазици немаат самогласна хармонија. Најстариот пишан пермски јазик е старопермскиот јазик, чии документи датираат од 14 век.
Јазици Во оваа група на јазици спаѓаат удмуртскиот и комискиот заедно со своите дијалекти, односно:
комиски јазик коми-пермјачки јазик коми-јазвински јазик коми-зиријански јазик удмуртски јазик
Традиционално, јазиците биле класифицирани како фино-пермски јазици, заедно со финскиот, мордвинскиот и марискиот јазик. Сепак оваа класификација во скоро време била оспорена и така класификацијата на пермските јазици во рамките на уралските јазици останува неодредена.
Наводи
Литература
Надворешни врски Свадешов список на пермските јазици
Категорија:Пермски јазици Категорија:Јазици во Русија