Рио Бранко (на португалски Rio Branco, со значење Бела река) — град во западниот дел на Бразил, главен град на државата Акре. Се наоѓа во долината на реката Акре во северозападен Бразил. Таа е најнаселена општина во државата, со 319.825 жители - речиси половина од државното население на Акре, според пописот од 2011 година.

Рио Бранко било едно од првите населби што се појавиле на бреговите на реката Акре. Во 1913 година таа станала област. Во 1920 година станал и главен град на територијата на Акре, а во 1962 година, главниот град на државата. Тоа е административен центар за економскиот и културниот регион.

Категорија:Градови во Бразил Категорија:Бразил