мини|десно|Релјефна карта на планината Камерун

Камерун (, ) — активен вулкан во Камерун, недалеку од Гвинејскиот Залив. Позната е и како Фако (по повисокиот од двата врва) или по нејзиното домородно име Монго ма Ндеми (Mongo ma Ndemi - „Божја Планина“). Планината е највисокото место во потсахарска Западна и Средна Африка,http://www.britannica.com/EBchecked/topic/90979/Mount-Cameroon и четврта по истакнатост во Африка.

Планината лежи на вулканското подрачје наречено Камерунска Линија, каде е сместено и езерото Њос. Последниот избув се случил на 3 февруари 2012 г.

Опис

Камерун е еден од најголемите вулкани во Африка и се издига 4.040 м над бреговите во западниот дел од земјата. Земјиштето почнува да се издига од тропска дождовна шума до голиот врв кој е студен, ветровит и повремено засеан со снег. Големиот вулкан е стрмен и има претежно од базалтен до трахибазалтен состав, образувајќи хорст кој лежи на подземје од перткамбриумски метаморфни карпи прекриени со наноси од кредата до квартерот. Бочните делови имаат 100 мали згурни конуси и околните низини напоредно на долгата оска на масивниот вулкан . На јужното крило кај брегот се издига голем спореден врв наречен Етинде (наречен и Мал Камерун). Камерун е најактивниот вулкан во Западна Африка. Првото писмено сведоштво за неговата активност го добиваме од картагинскиот истражувач Ханон Морепловецот во V век п.н.е.. Низ историјата се случиле бројни умерени избуви и текови од лава, како од врвот, така и од крилата. Во 1922 г. од југозападното крило избила лава која стасала сè до атлантскиот брег, а во 1999 г. лавата од јужното крило запрела на само 200 м од морето, пресекувајќи го крајбрежниот автопат.

Пристап Врвот е мошне посетен од планинарите. Секоја година се приредува „Трка на надежта“ во која учесниците ја искачуваат планината за 4 часа.

Прв европски освојувач на планината е англискиот истражувач Мери Кингсли, која ги забележала спомените од искачувањето во нејзиниот мемоар Патувања по Западна Африка (1897).

На планината Камерун растат два ендемски вида воденика Impatiens etindensisCheek, M. and S. Cable. 2000. Impatiens etindensis. In: IUCN 2013. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2013.1. Downloaded on 03 July 2013. и I. grandisepalaCheek, M. and S. Cable. 2000. Impatiens grandisepala. In: IUCN 2013. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2013.1. Downloaded on 03 July 2013.. На ова подрачје нема дрва.

Поврзано Њос Географија на Камерун

Наводи

Литература DeLancey, M. W. and M. D. DeLancey. (2000). Historical Dictionary of the Republic of Cameroon (3rd ed.). Lanham, Maryland: The Scarecrow Press.

Надворешни врски Задолжбина за истражување на планината Камерун

Категорија:Планини во Камерун Категорија:Вулкани во Камерун Категорија:Активни вулкани Категорија:Југозападен Регион (Камерун) Категорија:Стратовулкани Категорија:Четириилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите