Свети Илија — главна селска црква во селото Јабланица.

Во црквата се изведува богослужба за поголемите црковни празници и тука најчесто се изведуваат крштевања и венчавки.

Местоположба

лево|мини|Фреска на Пророкот Илија во храмот

Црквата е изградена на едно возвишение, чии падини од трите страни стрмно се спуштаат надолу во еден длабок дол, додека од западната страна се поврзуваат со селскиот пат. Поради тоа, црквата е видлива од сите страна, а нејзината монументалност и покрај тоа што не е многу голема е засилена со слободното пространство без високи дрвја што би ја криеле градбата.

Историја

Според еден натпис што се наоѓа во црквата таа е изградена во 1886 година со доброволна помош на печалбарите. Внатрешноста на црквата е доста скромна со скромен фрескоживопис насликан во поново време и иконостас со плитка резба.

Црквата е посветена на пророкот Св. Илија кој е заштитник на селото. Била повторно осветена во 1996 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба, изградена од делкани камења и претставува своевидно ремек дело на јабланичките мајстори-каменорезци.

Во кругот на црквата се наоѓаат неколку гробови на свештеници меѓу кои и на војводата Цветан Ѓероски.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Јабланица

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јабланица (село) Јабланица