Викинзи — историска драма напишана и создадена од страна на Мајкл Хирст за телевизискиот канал History. Снимена во Ирска, премиерно се прикажала на 3 март 2013 година во Канада.
Серијата е вдахната од сагите на викингот Рагнар Лотброк, еден од нордиските јунаци познат по нападите на Англија и Франција. Серијата го прикажува како фармер што се издигнува организирајќи напади во Англија и кој потоа станува скандинавски крал со поддршка на семејството и на верните воини: брат му Роло, синот Бјорн Железниот, и неговите жени—воинката Лагерта и принцезата Аслауг.
На 17 март 2016, каналот ги обновил Викинзите за петта сезона од 20 епизоди, која премиерно ќе се прикаже на 29 ноември 2017. На 12 септември 2017, во пресрет на петтата сезона, серијата беше обновена за шеста сезона, која ќе се состои од 20 епизоди.
Приказната Серијата е инспирирана од приказните за нападите, тргувањето, и истражувањето на Норманите на почетокот на средновековна Скандинавија. Ги следи подвизите на легендарниот викиншки водач Рагнар Лотброк, неговата посада и семејство, особено утврдени во сагите од 13-от век, Сагата за Рагнар Лотброк и Сагата за Рагнаровите синови, како и во делото од 12-от век на Саксо Граматик, Подвизите на Данците (латински: Gesta Danorum). Нордиските легендарни саги биле делумно измислени приказни врз основа на нордиските усни преданија, напишани околу 200 до 400 години по настаните што ги опишуваат. Понатамошна инспирација е преземена од историските извори на периодот, како што се записите за викиншките напади врз Линдисфарн прикажани во втората епизода, или оние на Ахмад ибн Фадлан од 10-от век за Варјазите. Серијата е поставена на почетокот на викиншката доба, означени со нападот на Линдисфарн во 793.
Глумечка екипа
Производство Ирско-канадско сопроизводство, Викинзи е во производство на Octagon Films и на Take 5 Production.
Мајкл Хирст, Морган О'Саливен, Џон Вебер, Шери Марш, Алан Гасмер, Џејмс Флин и Шејла Хокин се извршни продуценти. Буџетот за првата сезона бил $40 милиони.
Серијата почнала со снимањето во јули 2012 во студиото Ашфорд, новоизграден објект во Ирска, избрана како локација поради даночните поволности. На 16 август 2012, сцените со бродовите се снимале во Лугала, и на вештачкото езеро Пулафука на планините Виклоу. 70% од првата сезона се снимало на отворено. Некои дополнителни позадински снимки биле направени во западна Норвешка.
Во април 2013, продолжила втората сезона на Викинзи за уште десет епизоди.
Александар Лудвиг, го глумел пораснатиот Бјорн а Лајнус Роач, го глуми кралот Егберт од ВесексGoldberg, Lesley. 'Vikings' Enlists 'Hunger Games', 'Law & Order' Actors for Season 2, The Hollywood Reporter, June 11, 2013. Accessed January 5, 2014. Втората сезона прави временски скок, и малиот Бјорн (Нејтан О Тул) станува воин којшто го глуми Лудвиг. Постариот Бјорн не го видел татко му, Рагнар, веќе подолго време. Лагерта се премажила за моќен ерл, очув кој се грижи за иднината на Бјорн.
Мајкл Хирст ги објавил плановите за четвртата сезона уште пред да почне да се прикажува третата сезона. Четвртата сезона почнала со продукција во околината на Даблин во април 2015 година. Кога било најавено дека серијата ќе доживее и петта сезона, се објавило и дека ирскиот глумец Џонатан Рис Маерс ќе стане дел од глумечката екипа во улога на Хихмунд, "бишопски воин". Мајкл Хирст, творецот на Викинзи објаснил:"Барав во историските книги и наидов на ови воини бишопи. Претходници на темпларите: луѓе кои биле апсолутно религиозни, а сепак ставале штит и се бореле. Нивниот свештенички статус не треба да ве залажува. „Тие биле луди! Тие тотално верувале во христијанството и пораката, а сепак, на бојното поле биле тотално бестрашни.“
Музика Норвешката музичка група Wardruna направила голем дел од музиката на серијата. А еден од музичарите се појавил и како глумец.
Прикажување Викинзите премиерно биле прикажани на 3 март 2013 година во Канада и во САД. Четвртата сезона започнала во март 2015 година проширена на 20 епизоди, со премиера во февруари 2016 година. На 17 март 2016, каналот History ги обнови Викинзите за петтата сезона од 20 епизоди,со премиера на 29 ноември 2017. На 12 септември 2017, во пресрет на петтата сезона, серијата е обновена за шеста сезона со 20 епизоди.
Критики Првата епизода поминала со поволни критики, со просечна оценка од 71% според Metacritic. На HitFix го пофалиле кастингот, особено улогата на Фимел како Рагнар Во The Wall Street Journal истакнале дека сетингот и костимите се "природни и автентични" и забележале дека Викинзите за разлика од Спартак не се приказ на секс и насилство, туку "проучување на карактерот, издржливост,а силата и ... на социјалното, емоционалното, па дури и интелектуалното будење". Вашингтон Пост, рекол дека тоа е "релевантна и стабилна нова драмска серија .... Во "Њујорк Тајмс", ја пофалиле изведбата на глумците особено на Фимел, и дале позитивен контраст на Викинзите за разлика од други серии каде присутна била голотијата. Во Entertainment Weekly истакнале дека изведбата на глумците е добра, но дека Викинзите се "некако хаос", со недостаток на интрига како онаа на Тјудорс и Игра на тронови.
Втората сезона на Metacritic била со оценка 77%, а Rotten Tomatoes дал оценка 92% врз основа на дванаесет професионални критики.
Рејтинг Премиерата на серијата имала шест милиони гледачи во САД, на сите мрежи помеѓу гледачи на возраст од 18-49. Претходно тврделе дека има осумнаесет милиони гледачи но подоцна каналот се извинил за погрешната информација. Во Канада, на премиерата имало 1.1 милиони гледачи. Првата сезона во просек имала 942,000 гледачи.
+Награди и номинации на серијата Викинзицентар|290x290пкс Број на победи и номинацииFootnotes
Награди Серијата има 87 номинации и 25 победи во разни категории.
Историската доследност Некои критичари укажувале на историски неточности во серијата при описот на викиншкото општество. Ларс Вокер, во списанието The American Spectator, го критикувал приказот на власта кај Викинзите во раната викиншка ера прикажана како автократска наместо во суштина демократска. Џоел Роберт Томсон критикувал дека Скандинавците се опишани како непознавачи на постоењето на Британија и Ирска, и дека како најтешка казна е прикажана смртната казна наместо прогонот (skoggangr).
Норвешкиот весник Aftenposten објавил дека серијата погрешно го прикажала храмот во Упсала како црква во планините, додека историскиот храм се наоѓал на рамно земјиште. Од друга страна, храмот како што бил прикажан сепак има сличности со реконструкција на објектите на Uppåkra hof.
Многу ликови се врз основа или инспирирани од вистински луѓе од историјата или легендите, а прикажаните главни настани се главно извлечени од историјата. Сепак, настаните од над сто години се збиени за да се прикаже подраматичен ефект. На пример, во една сезона е нападот на Линдисфарн опатијата на 793 (пред да се роди вистинскиот Роло), а во третата сезона трите исти лика на приближно иста возраст учествуваат во Опсадата на Париз од 845. Од ова време, Егберт бил мртов повеќе од четириесет години, а кралот Алфред Велики веќе бил крал, а сепак, тој сè уште е портретиран како дете во четвртата сезона. Роло е опишан дека дозволува неговите луѓе да бидат убиени, и дека се бори против Викинзите, додека во историјата ним им било доделено тоа што денес се нарекува Нормандија а тој продолжил да соработува со Норманите. Исто така, повеќето од главните ликови се прикажани како од Норвешка, додека според основните извори тие најверојатно би биле Данци.
Малку е познато за викиншката верска практика па така тој опис во голема мера е измислен. Кога Катерин Виник ја прашале зошто ја лиже дланката на видовитиот, таа одговорила: "Тоа не беше првично во сценариото и ние само сакавме да направиме нешто уникатно и поразлично". Во однос на историските разлики Мајкл Хирст рекол: "Морав да си земам слобода со Викинзите , бидејќи никој не знае со сигурност што се случувало во раниот среден век ... ние сакаме луѓето да гледаат. Историјата на Викинзите ќе допре стотици, можеби илјадници луѓе. Тука треба да допреме до милиони."Gilbert, Tom (February 22, 2013) "Vikings Come Ashore in a New Light", The New York Times, retrieved April 8, 2013
Поврзани медиуми Zenescope соработува со History Channel за да создаде стрип за Викинзите врз основа на серија. Тој за првпат се дистрибуирал на Comic-Con 2013 и од страна на comiXology , во февруари 2014. Стрипот е напишан од страна на Мајкл Хирст, а илустриран бил од Денис Калеро (X-Men Noir), а настаните што во него се прикажани се случуваат пред настаните од првата сезона. Рагнар и Роло се борат рамо до рамо со нивниот татко. Во стрипот се опишува нивната прва средба со Лагерта.
Наводи
Надворешни врски
Историјата на Канада Викинзите мрежно место
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2017 година Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Телевизиски серии по жанр