Сашо Кокаланов — македонски новинар, романописец, и драмски автор. Роден е на година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004), како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ во периодот од 2008 до 2011 година. Кокаланов е еден од авторите кои ги пишуваа и адаптираа сценаријата за македонските телевизиски серии: „На терапија“, „Преспав“, „Инсајдер“ и "Куќен притвор"..

Кокаланов е тема на краткиот расказ „Реки, езера и мориња во ранецот“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 422.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари