Оверњ-Рона-Алпи (, , ) — регион во Франција, создаден со територијалната реформа од 2014 г. спојувајќи ги дотогашните региони Оверњ и Рона-Алпи. Новиот регион стапил на сила на 1 јануари 2016 г. по регионалните избори од декември 2015 г.

Регионот зафаќа површина од и има население од 7.695.264 жители, на второ место по земјата, по Ил де Франс.

Географија Оверњ-Рона-Алпи граничи со регионите Окситанија и Прованса-Алпи-Азурен Брег на југ, Бургундија-Франш Конте на север, Нова Аквитанија на запад, Швајцарија (кантоните Женева, Вале и Во) и Италија (Аостинска Долина и Пиемонт) на североисток и исток.

Департмани Регионот ги опфаќа следниве департмани:

Алје Ардеш Горна Лоара Горна Савоја Дром Ен Изер Кантал Лоара Пиј де Дом Рона Савоја

Позначајни населени места

Лион (500.715) — главен град (префектура) Сент Етјен (171.260) Гренобл (155.637) Вилурбан (145.150) — во Метропола Лион Клермон Феран (139.860)

Поврзано Оверњ Рона-Алпи Метропола Лион Региони во Франција

Наводи

Надворешни врски

Портал на регионот Оверњ-Рона-Алпи Спојување на регионите — Франција 3

Категорија:Региони во Франција