Во старогрчката митологија, Таласа (/θəˈlæsə/; грчки: Θάλασσα,, "море") била исконски дух на морето.

Потекло на поимот Бикс сугерира дека името е со пред-грчко потекло.R. S. P. Beekes, Etymological Dictionary of Greek, Brill, p. 530.

Митологија Гај Јулиј Хигин ја опишал во предговорот на неговата книга Басни (латински: Fabulae) како ќерка на Небото и Хемера (Fab. Praef., 2). Со нејзиниот машки двојник Понт, таа ги создала Телхините (божества на бурите) и разните видови риби. Овој пар подоцна бил заменет со други морски парови, Океан и Тетија, Посејдон и Амфитрита.The “Thalassa” article on Theoi Сепак, басните ѝ биле посветени на неа и од страна на Езоп.

Некои ретки извори исто така ѝ ја припишуваат и морската нимфа Халија (Диодор Сицилиски 5.55.4) и божицата Афродита откако отсечен екстремитет на Уран бил фрлен во морето (Нон, Дионисијака 12.43).Theoi

Литература мини|Таласа се брани себеси во Езоповата басна, "Земјоделецот и Морето"

Двете басни на Бабриј Две прилично слични басни се запишани од страна на Бабриј. Во едната, нумерирана под број 168 во Периевиот индекс, некој сопственик на фарма бил сведок на бродолом и му замерил на морето дека е "непријател на човештвото". Земајќи женски облик, морето одговорило дека виновни се ветриштата за нејзиниот немир. Инаку "јас сум понежна од твојата сува земја."Babrius II.22

Во другата басна, еден преживеан од бродолом го обвинува морето за измама и го добива истиот изговор. Виновни се ветровите, а "по природа сум мирно и безбедно како земјата."Babrius I.71

Други басни Во една друга басна, со периев број 412 и само запишана од страна на Синтипас, реките му се жалат на морето дека нивната слатка вода, се претворила во непитка солена во контакт со него. Морето одговорило дека ако толку знаеле требале самите да го избегнат допирот со него. Коментарот сугерира дека приказната може да се примени и на луѓето кои несоодветнокритикуваат некој кој впрочем им помага.Aesopica

Во 2-иот век., Луцијан ја претставил Таласа во комичен дијалог со Ксантиј, богот на Реката Скамандер, кој бил нападнат од страна на сопернички грчки бог заради тоа што се жалел дека неговиот тек бил пореметен со мртви тела за време на Тројанската Војна. Тој побарал од неа да ги залечи неговите здобиени рани.”Confabulations of the Marine Deities XI”, Lucian of Samosata Vol.1, London 1820, pp.355-6

Уметност мини|Илустрација на корали со божицата од 6 век  Додека морските божества Тетида и Океан биле порано во римскиот период биле претставени во мозаици, во подоцнежниот период биле заменети со ликот на Таласа, особено во Западна Азија. Таму таа била прикажана како жена облечена во алги и половина потопена во морето, со раковидни рогови, кои биле порано атрибут на Океан. Во една рака таа држи бродско кормило, и во другата делфин.Şehnaz Eraslan, “Tethys and Thalassa in mosaic art”, Art Sanat 4 (2015)]

Во 2011 година, уметницата Свун (Каледонија Данс Кири) создала уметничка инсталација при што ја прикажала божицата во предворието на музеј во Њу Орлеанс. Есента 2016 година, инсталацијата била подигната уште еднаш, овојпат во предворието на Инсистутот за уметност во Детроит.

Во астрономијата По оваа митолошка личност е наречено телото Таласа, кое е месечина на Нептун.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старогрчка митологија