Јасика или трепетлика () — вид топола од умерените предели на Европа и Азија, од Исланд и Британските ОстровиJames Kilkelly Irish native Aspen tree источно до Камчатка, северно до внатрешноста на поларникот во Скандинавија и северна Русија, а јужно до централна Шпанија, Турција, Тјеншан, Северна Кореја и северна Јапонија. Се среќава и во една месност во Алжир, северозападна Африка. Во јужниот дел на ареалот, јасиката расте по планинските предели.Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins .Den Virtuella Floran: Јасика (Populus tremula), со карти на застапеност како што е случај со Македонија, каде таа е најзастапена во буковите предели на планините.

Опис мини|десно|Листови (лево) и разлистоци (десно) Ова е крупно листопадно дрво кое достига висина од 40 м. Крошната е широка 10 м, а стеблото има пречник од 1 м. Кората има бледа зеленикавосива боја; кај помладите дрва е мазна, со темносиви баклавовидни леќички, а распукана и темносива кај постарите дрва. Листовите на развиените гранки се речиси округли, малку проширени, со пречник од 2–8 см, со грубо брановидни рабови и бочно сплескани дршки долги 4-8 см. Сплесканата дршка им овозможува листовите да треперат дури и при најмало струење на воздухот, што е причината за името „трепетлика“ и научното име.. Листовите кај малите дрвца и брзорастечките стебленца на кореновите изданоци имаат срцевиден облик и се речиси триаголни., p. 314 Истите се доста поголеми, достигајќи 20 см, а дршките не им се толку сплеснати. Цветовите имаат облик на реси кои излегуваат рано напролет, пред разлистувањето; овие се дводомни, што значи дека машките и женските реси се на различни дрва, а опрашувањето го врши ветерот. Машките реси се зелено-кафеави, со должина од 5–10 см кога испуштаат полен; женските реси се зелени, долги 2-6 см во истиот период, узреваат на почетокот на летото и имаат по 10–20 (50–80) чаури со мали семчиња обвиткани со влакнеца. Влакненцата служат за лесно расејување на семето кога го носи ветерот.Trees for Life Species Profile: Aspen

Се разликува од сродната американска јасика (Populus tremuloides) по тоа што листовите му се погрубо брановидни.

Како и другите членови на родот, растението се шири на голема површина со кореновите изданоци, дури 40 м од матичното дрво, образувајќи пространи клоновски колонии.

Екологија мини|десно|Јасика кај Марбург, Германија. Јасиката е светлољубиво и водољубиво растение кое набргу ги колонизира чистинките по пожар или сеча. Ако една единка се оштет или уништи, плитките странични корења почнуваат интензивно да пуштаат коренови изданоци. Брзиот раст продолжува сè до возраст од 20 години, кога се зголемува конкуренцијата на крошните. По навршени 30 години, растот запира. Дрвото достигнува старост од 200 години.

Ова е многу издржливо дрво кое поднесува долги студени зими и кратки лета. Отпорно е на избрестување од срни поради непријатниот вкус на листовите.Rackham, Oliver (1994). The Illustrated History of the Countryside. London : BCA. CN 2922. p. 64.

Видот е важен за големиот тополин стаклоклирец (Sesia apiformis), кој се вдомува во него како ларва.

Одгледување Јастиката се одгледува во паркови и големи градини.

Во Европа и средна Азија често се среќава сивата топола (Populus × canescens), која е јасика вкрстена со бела топола (Populus alba). Шумарските институти вкрстуваат и други јасики со цел да се зголеми дрвниот принос и отпорноста на болести (таква е P. tremula × P. tremuloides во ДанскаJensen, N. (1994). Guide til Arboretet i Hørsholm.).

Употреба Дрвото на јасенот е светло, меко и речиси не се собира. Се користи како дрвена граѓа и за кибрит, но и во производството на целулоза и хартија, особено онаа за пишување. Покрај тоа, од него се прави фурнир и разни видови деланки и иверка. Има значајна улога во дрвопроизводството за обновлива енергија. Во еколошки поглед е значајно за разни видови инсекти и габи, и е живеалиште на неколку видови цицачи и птици што престојуваат во млади шуми.

Јасиката како мотив во книжевноста „Јасика“ — песна на српскиот поет Милан Ракиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 120-121Милан Ракић, Песме. Рад, Београд, 1963, стр. 137-138. Потпис: Трепетлика — стихозбирка од Ана Стојаноска.

Наводи

Литература Kuusinen, Mikko. "Epiphytic lichen flora and diversity on Populus tremula in old-growth and managed forests of southern and middle boreal Finland", Annales Botanici Fennici. Vol. 31. No. 4. 1994.

Надворешни врски

Јасика (Populus tremula)) — карта на застапеност, единици за генетско зачувување и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси

Категорија:Тополи Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Алпите Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година