Делигзен () — слободна општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија Местоположба

Делигзен се наоѓа во областа Лајнското Средногорје помеѓу Ројберг на север, Штајнберг на североисток, Зелтер на југоисток, Хилс на југ и на запад, како и Ит на северозапад. Низ местото тече Виспе, која се влева во Лајне.

Соседни општини

Почнувајќи од југоисток надесно, Делигзен се граничи со градот Ајнбек (Округ Нортхајм), слободните области Венцен и Гриненплан (Округ Холцминден), како и општините Копенграфе, градот Алфелд и општината Фреден (сите во округот Хилдесхајм).

Општински единици

Општината е составена од следниве шест единици:

Место Жители (2013) Амензен 393 Делигзен 3.676 Гриненплан 2.421 Хоенбихен 421 Кајерде 889 Фаригзен 264 Флекен Делигзен 8.064

Највисоката точка на Хилс е 480,4 метри, наречена Блосе Целе.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Холцминден (округ)