„Обединист“ бил нелегален месечен весник на бугарски јазик издаван во Софија, орган на ВМРО (Обединета). Тој започнува да се издава од 1 февруари 1935 година во нелегална печатница. Одговорен уредник на весникот бил Стефан Нанов, а повремено во него пишувал и Васил Ивановски. Од весников излегле 5 броја, а во првиот број во статија насловена како „Нашите задачи“ се претставуваат целите на организацијата. Тој прекинува со работа во месец јули истата година.
Категорија:Некогашни весници Категорија:Органи на ВМРО (Обединета)