Свети Димитриј (понекогаш позната како Свети Димитрија) — главна селска црква, во поречкото село Требино.
Црквата е сместена во западниот дел на селото. Во дворот на црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.
Историја
Црквата Свети Димитриј во селото Требино била подигната во 1644 година и поседува исклучително убав фрескоживопис од тоа време. Истата се споменува и во ктиторскиот натпис.
Архитектура
Таа е еднокорабна гробишна црква.
Идејно-тематската содржина на сликаната програма не излегува од рамките на традиционалните, поствизантиски стилски разбирања. Меѓу архијерејските ликови во олтарот е вклучено допојасјето на српскиот светител Сава (Немањиќ).
Галерија
Поврзано Требино Дебарско-кичевска епархија Бродско архијерејско намесништво Бродска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Требино Требино