Стефан Георгиев Нанов (родум од Маловиште, Битолско) бил емигрантски деец и активист на ВМРО (Обединета), Македонец по националност.Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония Прес, София, 2003 г., стр. 17 Својата национална дејност ја започнува во 1928 година кога го заменува Евтим Спространов како член на Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации.Гребенаров, Александър, Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 - 1947), МНИ, София, 2006 г., стр. 224, 229, 232 Преку извори во сојузот дознава за организацијата и се приклучува на ВМРО (Обединета). Таму застанува на функцијата Секретар на 1-ви реон во Софија, а потоа со самото основање и главен уредник на весникот Обединист. Како член на организацијата, во 1936 година во Судскиот процес против ВМРО (Обединета) е осуден на казна затвор од 5 години и глоба од 50.000 лева. Во периодот од 1945 до 1947 година е член на Македонскиот научен институт.Гребенаров, Александър, Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 - 1947), МНИ, София, 2006 г., стр. 399

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонски Власи