Темисто () или — мала неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1975 г. но подоцна изгубена и повторно пронајдена во 2000 г.
Откривање Месечината првпат е откриена од американските астрономи Чарлс Ковал и Елизабет Ремер на 30 септември 1975 г. и добила ознака . Меѓутоа, поради недоволно набљудување, нејзината орбита останала неутврдена и подоцна се изгубила од вид.
Во 2000 г. астрономите Скот Шепард, Дејвид Џуит, Јанга Фернандес и Ежен Мање откриле навидум нова месечина, и ѝ ја дале ознаката . По извршените проверки, утврдено е дека работи за месечината откриена во 1975 г. Ова забележување веднаш се довело во врска со набљудувањето од 6 август 2000 г. направено од Брет Гледман, Џон Кавеларс, Жан Марк Пети, Ханс Шол, Метју Холман, Брајан Марсден, Филип Николсон и Џозеф Бернс, пријавено во Центарот за мали планети, но необјавено во службеното гласило.
Во октомври 2002 г. месечината е официјално наречена по Темисто, ќерка на речниот бог Инах и љубовница на Зевс (Јупитер) во старогрчката митологија.
Особености Орбитата на Темисто е необична по тоа што кружи сама наместо во групи, како највеќето Јупитерови месечини. Се наоѓа на половина пат меѓу Галилеевите месечини и првата група напредни неправилни месечини наречена Хималиина група.
Има пречник од 8 км (претпоставувајќи албедо од 0,04). Со тоа, нејзината површина изнесува некаде меѓу 200 и .
Наводи
Надворешни врски
Неправилни месечини — страница на Дејвид Џуит Познатите Јупитерови месечини — страница на Скот Шеппард
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1975 година Категорија:Астрономски тела откриени во 2000 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Откритија на Дејвид Џуит