Апо — голема фумарола, потенцијално активен стратовулкан на островот Минданао, Филипини. Со надморска височина од 2954 метри надморска височина, таа е највисока планина во Филипинскиот архипелаг и се наоѓа помеѓу Давао и провинцијата Јужен Давао во Регионот XI и провинцијата Котабато во Регионот XII. Од Давао се наоѓа на 45 километри на североисток, Дигос на 25 километри на југоисток, а Кидапаван на 20 километри (12 милји) на запад.

Првите два обиди да се стигне до врвот од планината завршиле со неуспех: оној на Хосе Ојангурен (1852) и Сенор Реал (1870). Првата евидентирана успешна експедиција ја предводел Дон Хоакин Раџал во 10 октомври 1880 година. Пред искачувањето, Раџал морал да ја обезбеди дозвола од водачот на народот Багобо, Дату Маниг. Се вели дека Дату побарал човечка жртва да се направи за да му угоди на богот Мандаранган. За среќа, Дату се согласил да се откаже од ова барање, а искачувањето започнало на 6 октомври 1880 година, пристигнувајќи пет дена подоцна. Оттогаш следеле бројни експедиции.

На 9 мај 1936 година, планината Апо била прогласена за Национален парк од страна на претседателот Мануел Л. Кесон.

Планината Апо е именувана по благородник по име Апонг, кој бил убиен додека посредувал во битката помеѓу двајца додворувачи на неговата ќерка Сарибу. Друго предложено потекло на името е од зборот Апо, кој на филипински јазик значи „господар“.

Кон крајот на март-април 2016 година, поради екстремните ефекти на Ел Нињо, на падините на планината се појавиле масовни шумски пожари предизвикувајќи туристите на планината да го запрат нивното искачување. Туризмот во регионот бил загрозен поради големата магла која ги зафатиле падините на планината.

Наводи

Надворешни врски

Global Volcanism Program: Apo Philippine Institute of Volcanology and Seismology (PHIVOLCS) Mount Apo Page PinoyMountaineer: Mt. Apo Kidapawan-Magpet Trail PinoyMountaineer: Mt. Apo Kapatagan-Kidapawan Traverse Trail Mount Apo on Summitpost UNESCO Tentative World Heritage List Climbing Mount APO, Our Turn Mt. APO, the End of an Expedition Mt. Apo: Hiking Through the Boulders and Sulfur Vents

Категорија:Планини на Филипините Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани на Филипините Категорија:Кратерски езера