мини|300п|десно|Карта на системот на железниците во 1888 година

Источни железници или Ориентална железница (позната и како: Македонска железница; ; ) — отоманско железничко претпријатие кое работело во Румелија (европскиот дел на Отоманското Царство), кое постоело од 1870 до 1937 година.History of the CO - trainsofturkey.com Претпријатието било едно од петте пионерски железници во Отоманското Царство и ја изградило главната линија на Балканот. Помеѓу 1889 и 1937 година, низ пругите на железницата поминал светски познатиот Ориент-експрес.

Железницата била основана во 1870 година со цел изградба на линија од Истанбул до Виена. Поради многуте политички проблеми на Балканот, изградбата започнувала и застанувала, а сопствеништвото често се менувало или делело. До 1888 година, претпријатието не ја исполнило својата цел, а по Првата балканска војна во 1912 година, железницата работела само во Источна Тракија. Железницата продолжила како регионална железница до 1937 година, кога била припоена во Турските железници.

Македонија

Првата железница во Македонија била изградена кога била воспоставена железничката врска меѓу Солун и Скопје изградена од Ориенталната железница. Врската била изградена по фази:.

Солун-Миравци, завршена на 6 јуни 1872 година Миравци-Криволак, завршена на 9 јануари 1873 година

Наводи

Надворешни врски Историја на железницата во Турција

Категорија:Турски железнички претпријатија Категорија:Отомански железнички станици