LeuconostocBjörkroth, J., and W. Holzapfel. 2006. Genera Leuconostoc, Oenococcus and Weissella, p.267 -319. In M. Dworkin (ed.), The prokaryotes: a handbook on the biology of bacteria: Firmicutes, Cyanobacteria, vol. 4, 3rd ed. Springer-Verlag, New York, NY. е род на Грам-позитивни бактерии, кој припаѓа на фамилијата Leuconostocaceae. Овие бактерии најчесто се овоидни коки кои формираат вериги од клетки. Leuconostoc spp. интринзично се отпорни на ванкомицин и се каталаза-негативни (особина која ги разликува од стафилококите). Сите видови на овој род се хетероферментери и се во можност да продуцираат декстран од сахароза. Често излачуваат слузи.
Овие бактерии се одговорни за специфичниот мирис при подготовката на кисело тесто. Некои видови пак може да предизвикаат инфекции кај човекот. Бидејќи тие генерално се ретки причинители на болести кај луѓето, стандардните комерцијални методи за идентификација на патогени честопати не се во можност да ги идентификуваат овие бактерии.
Leuconostoc spp., заедно со други бактерии на млечно-киселинското вриење, како што се Pediococcus и Lactobacillus, се одговорни за ферментацијата на зелката, при производството на кисела зелка. При овој процес, свежата зелка се ферментира во саламура, при што шеќерите кои влегуваат во нејзиниот состав, бактериите ги метаболизираат до ниво на млечна киселина која е одговорна за киселиот вкус. Leuconostoc spp. се исто така составен дел од симбиотските колонии на бактерии и квасни габи кои се користат во производството на ферментирани млечни пијалаци како што е кефирот.
Наводи
Надворешни врски Список на видови од родот Leuconostoc (англиски) Статија за родот Leuconostoc на MicrobeWiki (англиски)
Категорија:Бактерии Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Микробиологија Категорија:Бактериологија Категорија:Прокариоти Категорија:Ферментирана храна Категорија:Ферментирани пијалаци