лево|мини|Боење по Грам на Bacillus видови|247x247пкс Bacillus е род на Грам-позитивни, стапчести бактерии кој припаѓа на коленото Firmicutes. Видовите на овој род можат да бидат облигатни аероби или факултативни анаероби. Даваат позитивни резултати кога се тестираат за ензимот каталаза доколку има присуство на кислород. Припадниците на овој род се сеприсутни во природата и вклучуваат слободни (непаразитски) како и паразитски патогени видови. Под стресни услови на животната средина, овие бактерии формираат овални ендоспори во кои можат да преживеат долги временски периоди. Сите овие одлики порано го дефинираа родот, но се покажа дека не сите видови кои се класифицирани во него се сродни меѓусебе, па затоа некои сега се преместени во други родови.

Многу видови на родот Bacillus се способни да произведат големи количини на ензими кои се користат за различни индустриски цели. Некои видови, во одредени неповолни услови на животната средина, можат да создадат внатреклеточни инклузии од полихидроксиалканоати.

Видот B. subtilis се користи како модел-организам во истражувањата. Некои Bacillus видови се важни патогени и предизвикуваат антракс и труења со храна.

Индустриско значење Многу Bacillus видови се способни да секретираат големи количини на ензими. Видот Bacillus amyloliquefaciens е извор на природната антибиотска белковина барназа (кој има рибонуклеазна активност), алфа амилаза (која се користи во хидролизата на скроб), протеазата субтилизин (која се користи во детергенти), и ензимот BamH1 restriction enzyme (се користи во ДНК истражувањата).

Сегмент од геномот на Bacillus thuringiensis беше инкорпориран во култури на пченка и памук. Резултирачките генетски изменети организми (ГМО) се покажаа отпорни на некои инсекти штетници.

Употреба како модел-организам лево|мини|Колониите на Bacillus subtilis на агар плоча.|260x260пкс Видот Bacillus subtilis е еден од најдобро проучените прокариоти, во однос на неговата молекуларна и клеточна биологија. Ова е заради неговата релативна големина и лесната манипулација со неговиот геном. Истражувањата на B. subtilis е во првите редови на бактериската молекуларна биологија и цитологија, а овој организам е модел за диференцијација, генска регулација, и изучување на клеточниот циклус кај бактериите.

Еколошко значење Видовите на родот Bacillus се речиси сеприсутни во природата, но исто така се среќаваат во екстремни средини, како што се високо pH (B. alcalophilus), висока температура (B. thermophilus), или висока соленост (B. halodurans). Видот B. thuringiensis произведува токсин кој убива инсекти, па затоа се користи како инсектицид.Joan L. Slonczewski & John W. Foster (2011), Microbiology: An Evolving Science (2nd Edition), Norton B. siamensis создава противгабични соединенија кои го инхибираат растот на некои растителни патогени, како што се габите Rhizoctonia solani и Botrytis cinerea, а исто така се способни да го поттикнат растот на растенијата со испуштање на испарливи соединенија. Некои видови на Bacillus се природно компетентни за преземање на ДНК преку процесот на трансформација.

Клиничко значење Два Bacillus вида се медицински значајни: B. anthracis, кој предизвикува антракс, и B. cereus, кој предизвикува труење со храна слична со онаа предизвикана од Staphylococcus. Некои природни и комерцијални вариетети на B. coagulans предизвикуваат расипување на храна, најчесто на прехранбени производи од домати.

Најлесен начин да се изолираат видови на Bacillus е со ставање на нестерилна почва во епрувета со вода, потресување на епруветата, а потоа нанесување на водата врз MSA (Манитол Сол Агар) плоча, и инкубирање на собна температура најмалку еден ден. Колониите се обично големи, со неправилна форма и се шират. Под микроскоп, клетките на Bacillus изгледаат како стапчиња, и значителен дел од клетките обично содржат овални ендоспори на едниот крај.

Клеточен ѕид Клеточниот ѕид кај Bacillus е надворешно-клеточна структура која формира секундарна бариера меѓу клетката и околината, а во исто време ја одржува стапчестата форма на бактеријата и се спротивставува на притисокот создаден од клеточниот тургор. Клеточниот ѕид е составен од теихоински и теихуронски киселини. B. subtilis беше првата бактерија во која беше утврдена улогата на актинскиот цитоскелет во одредување на клеточната форма и во која беше потполно проучена синтезата на пептидогликанот.

Филогенија Родот Bacillus бил именуван во 1835 година од страна на германскиот научник Кристијан Готфрид Еренберг, кој во него ги вброил сите бактерии со стапчеста форма. Седум години претходно истиот автор го нарекол овој род Bacterium. Фердинанд Кон подоцна поопширно го опишал родот како Грам-позитивни бактерии кои формираат ендоспори, а се аеробни или факултативно анаеробни. Cohn F.: Untersuchungen über Bakterien. Beitrage zur Biologie der Pflanzen Heft 2, 1872, 1, 127-224. Како и другите бактериски родови кои биле откриени и опишани рано во историјата на микробиологијата (меѓу нив Pseudomonas и Vibrio), родот Bacillus има досега 266 опишани видови кои се сеприсутни во природата. Родот се одликува со голем диверзитет на 16S рРНК, и еколошка разновидност.

Неколку студии се обиделе да ја реконструираат филогенијата на родот. Во Bacillus-специфичната студија на Xu и Cote во која е обработен најголем диверзитет на родот со употреба на 16S и ITS регионите, тие го делат родот во 10 групи, кои ги вклучуваат вгнездените родови Paenibacillus, Brevibacillus, Geobacillus, Marinibacillus и Virgibacillus. Сепак, филогенетското дрвоhttp://www.arb-silva.de/fileadmin/silva_databases/living_tree/LTP_release_104/LTPs104_SSU_tree.pdf изградено од Тhe living tree project (проект кој е соработка помеѓу ARB-Silva и LPSN) каде било изградено 16S и 23S филогенетско дрво од сите потврдени видови, родот Bacillus се покажал дека содржи голем број на вгнездени таксони и претежно во двете 16S и 23S тој е парафилетичен со Lactobacillales (Lactobacillus, Streptococcus, Staphylococcus, Listeria, итн.), поради видот Bacillus coahuilensis и други. Студија со конкатенација на гени покажала слични резултати со оние на Xu и Cote, но со поограничен број на видови во однос на групи, но ја користеле Listeria како надворешна група.

Еден клад, формиран од B. anthracis, B. cereus, B. mycoides, B. pseudomycoides, B. thuringiensis, и B. weihenstephanensis, под стандардите на тековната класификација, треба да бидат класифицирани во еден вид (бидејќи имаат 97% 16S идентичност), но поради медицински причини, тие се сметаат за одделни видови.Ole Andreas Økstad and Anne-Brit Kolstø Chapter 2: "Genomics of Bacillus Species" in M. Wiedmann, W. Zhang (eds.), Genomics of Foodborne Bacterial Pathogens, 29 Food Microbiology and Food Safety. Springer Science+Business Media, LLC 2011 DOI 10.1007/978-1-4419-7686-4_2 Истот овој проблем се среќава кај четири вида на Shigella и Escherichia coli.Brenner (D.J.): Family I. Enterobacteriaceae Rahn 1937, Nom. fam. cons. Opin. 15, Jud. Com. 1958, 73; Ewing, Farmer, and Brenner 1980, 674; Judicial Commission 1981, 104. In: N.R. Krieg and J.G. Holt (eds), Bergey's Manual of Systematic Bacteriology, first edition, vol. 1, The Williams & Wilkins Co, Baltimore, 1984, pp. 408-420

Поврзано Paenibacillus и Virgibacillus, родови на бактерии порано вклучени во Bacillus.

Наводи

Надворешни врски Bacillus геноми и други информации на PATRIC, биоинформатички центар спонзориран од NIAID (англиски)

Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Бактерии Категорија:Микробиологија Категорија:Прокариоти Категорија:Бактериологија