Гаиска Мендиета Сабала (, р. во Билбао) — поранешен шпански фудбалер, кој играл како .
Најголемиот дел од кариерата ја поминал во Валенсија, потоа играл и за и една сезона во , а кариерата ја завршил во дресот на англискиот Мидлсбро. Со Валенсија играл две финалиња на Лигата на шампионите и двете ги загубил; во 2000 од и во 2001 од . Сепак, како резултат на својте одлични игри тој бил прогласен за Најдобар играч од средниот ред од страна на УЕФА и во двете сезони во кои Валенсија губела во финалето.
За шпанската репрезентација Мендиета одиграл 40 натпревари и постигнал 8 гола во периодот 1999-2002, и ја претставувал на Европското првенство 2000 и Светското првенство 2002.
Животопис Неговиот таткото Андрес исто така бил фудбалер и играл на позицијата голман. Тој бил по потекло од Лекеитио, Бискаја, а последните години од играчката кариера ги поминал во Кастељон, каде подоцна работел и како секретар и генерален менаџер на клубот. Бидејќи неговото семејство било со него, Гаиска израснал во Кастељон де ла Плана, во регионот Валенсија, каде и ја започнал својата фудбалска кариера во клубот во кој играл и работел неговиот татко, па така и покрај баскиското потекло тој никогаш не играл за некој клуб од неговиот роден крај.
Мендиета изјавил дека Руд Гулит бил неговиот фудбалски идол во детството, поради неконвенционалниот стил на игра на холанѓанецот.
Технички карактеристики Разноврсен играч, со добра техника, напаѓачки способности и вешт во одземањето на топката, способен за создавање на шанси за голови за неговите соиграчи.
Клупска кариера Почетоци Роден во Билбао, Баскија, Мендиета ја започнал својата кариера во регионот Валенсија во екипата на Кастељон, со која го направил своето професионално деби на возраст од само 17 години во Сегунда Дивисион, играјќи претежно како бек.
Валенсија После една сезона во која одиграл 16 натпревари за Кастељон, тој го напуштил клубот и се преселил во за 30 милиони пезети за да може да игра во најквалитетната шпанска фудбалска лига, Примера Дивисион. Сепак, по доаѓањето во клубот тој најпрво играл за вториот тим, поминувајќи ја таму речиси целата своја прва сезона, а своето деби за првиот тим го направил на 13 јуни 1993 година против Кадис; тој влегол во игра во 86-тата минута на местото на Миодраг Белодедиќ. Следната недела, во последното коло од првенството, тој направил уште еден настап од клупата во победата со 3-0 над Реал Овиедо и тоа биле неговите единствени две вклучувања во првиот тим за сезоната 1992-1993.
Следната сезона тој играл повеќе за првиот тим забележувајќи 20 настапи во лигата, а го постигнал и својот прв гол во ремито 3-3 на домашен терен против Леида. Потоа, тој постигнал уште еден гол во поразот со 3-2 на гостувањето кај , завршувајќи ја сезоната 1993-1994 со два гола. Во сезоната 1995-1996, Мендиета одиграл 34 натпревари без постигнат гол помагајќи им на лос че да завршат на второто место во Примера зад , што бил нивен највисок пласман уште од 1990 година.
Својот пробив во кариерата Мендиета го имал во сезоната 1997-1998, кога под водството на тренерот Клаудио Раниери ја одиграл својата најдобра сезона дотогаш. Раниери го преместил Мендиета од бек во улога на централен играч за врска и тоа се покажало како одличен потег кога играчот ја завршил сезоната со 10 постигнати гола на 30 првенствени натпревари. Следната сезона, тој бил и капитен на Валенсија во неколку натпревари и ги освоил своите први два трофеи со клубот: УЕФА Интертото купот во летото 1998, а на крајот од сезоната Валенсија триумфирала и во Купот на Шпанија совладувајќи го во финалето Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 со еден гол на Мендиета и два на Клаудио Лопес. Во финалето тој постигнал неверојатен гол, почнувајќи од начинот на кој ја исконтролирал топката, потоа како ја префрлил преку двајца противнички играчи пред да го нанесе завршниот удар од волеј со кој го совладал противничкиот голман.
Под водството на новиот тренер Ектор Купер, Мендиета имал дури уште подобра година. За време на сезоната 1999–2000, тој ја освоил својата трета титула со клубот по победата над Барселона со вкупен резултат 4–3 во Суперкупот на Шпанија. Тој постигнал највисоки во кариерата 13 голови во лигата, но тоа било доволно само за Валенсија да го освои третото место, со ист број на бодови како и Барселона но полош меѓусебен скор со каталонците. Мендиета одиграл важна улога и на патот на клубот до финалето на Лигата на шампионите, каде на 14 натпревари постигнал 5 гола, меѓу кои биле и двата во полуфиналето против Барселона. Во финалето, одиграно на Стад де Франс, лос че загубиле убедливо со 3-0 од Реал Мадрид, а Мендиета бил избран за "Најдобар играч од среден ред според УЕФА".
Во својата последна сезона во Валенсија, Мендиета му помогнал на клубот да стигне повторно до финалето на Лигата на шампионите, но таму тие загубиле повторно овојпат од по изведување на пенали. Мендиета постигнал гол од пенал уште во третата минута од натпреварот за да ја доведе Валенсија во водство, но подоцна германците изедначиле исто така од пенал и натпреварот отишол во продолженија, а потоа и до изведување пенали. Мендиета повторно бил прецизен од белата точка, но на крајот Бајерн бил поуспешен со 5-4 на пенали и станал Европски шампион. По завршувањето на натпреварувањето, тој бил избран за најдобар играч од средниот ред за втора година по ред.
Лацио и Барселона Во летото 2001 година, Мендиета потпишал за италијанскиот , во трансфер вреден 47.7 милиони евра (89 милијарди италијански лири) што го направил шестиот најскап играч на сите времиња. Тој дошол во Рим, како замена за чехот Павел Недвед кој бил продаден на истото лето. Сепак, во Италија Мендиета не успеал да ги покаже својте квалитети играјќи само една разочарувачка сезона во Серија А во која забележал 20 настапи без да постигне ниту еден гол.
Потоа тој бил позајмен на за сезоната 2002-2003, играјќи 47 натпревари во сите натпреварувања на кој постигнал 6 гола. Сепак, по освојувањето на разочарувачкото 6-то место во Примера Дивисион 2002-2003, каталонците одлучиле да направат целосна реконструкција во составот и Мендиета не бил откупен.
Мидлсбро Во летото 2003 година, Мендиета му се приклучил на англискиот клуб на заем од Лацио до крајот на сезоната, отфрлајќи ги претходно понудите од неговата татковина од и Атлетик Билбао поради желбата да игра Премиер лигата. Во неговата прва сезона, тој придонел за освојувањето на Лига купот, првиот освоен трофеј на Боро во историјата на клубот. После добрата сезона, во јули 2004 Мидлсбро потпишал траен договор со Мендиета.
Сепак, во последните неколку сезони од кариерата, тој постојано се мачел со повреди и не бил во можност многу да му помогне на клубот. Својот последен натпревар го одиграл на 26 декември 2006, против . После тоа тој претрпел уште една повреда, по што менаџерот на Мидлсбро Гарет Саутгејт, изјавил дека играчот повеќе не е во неговите планови.
Во декември 2007 година, шпанските медиуми објавиле дека Мендиета го најавил своето пензионирање по завршувањето на сезоната 2007-2008, кога ќе му истече договорот со Мидлсбро. Откако во сезоната тој не одиграл ниту еден натпревар, своето официјално повлекување од фудбалот го направил на 13 мај 2008, ставајќи крај на 17-годишната кариера.
Репрезентативна кариера Мендиета ја претставувал Шпанија во неколку младински репрезентации под 18, под 20, под 21 година и олимписката репрезентација.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 27 март 1999, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хуан Карлос Валерон во победата со 9-0 над во квалификациите за Европското првенство 2000. Потоа, тој бил повикан меѓу 22-цата шпански фудбалери кои ја претставувале репрезентацијата на завршниот турнир во Белгија и Холандија. Мендиета постигнал два гола на турнирот и двата од пенал во победата со 4-3 над во групната фаза и во четвртфиналето против во поразот со 1-2 после кој црвената фурија била елиминирана.
Две години подоцна, и покрај лошата сезона во Лацио, Мендиета бил избран во составот на репрезентацијата и за Светското првенство 2002, постигнувајќи еден гол на три натпревари, во победата против со 3-2. Шпанија уште еднаш била елиминирана во четвртфиналето, овојпат по изведување на пенали од домаќинот .
Својот последен настап за Шпанија, Мендиета го имал во пријателски натпревар против , во октомври 2002. Вкупно за својата земја одиграл 40 натпревари и постигнал 8 гола.
Статистика Клупска статистика
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1991-1992 Кастељон СД 16 0 КШ 0 0 - - - - - - 16 0 1992-1993 ПД 2 0 КШ 0 0 КУ - - - - - 2 0 1993-1994 ПД 20 2 КШ 0 0 КУ 0 0 - - - 20 2 1994-1995 ПД 13 1 КШ 3 0 - - - - - - 16 1 1995-1996 ПД 34 0 КШ 8 0 - - - - - - 42 0 1996-1997 ПД 30 1 КШ 0 0 КУ 6 0 - - - 36 1 1997-1998 ПД 30 10 КШ 5 0 - - - - - - 35 10 1998-1999 ПД 37 7 КШ 7 5 ИК+КУ 6+4 0 - - - 54 12 1999-2000 ПД 33 13 КШ 2 1 ЛШ 162 настапи во третото квалификациско коло. 5 СШ 2 0 53 19 2000-2001 ПД 31 10 КШ 0 0 ЛШ 162 настапи и 2 гола во третото квалификациско коло. 4 - - - 47 14 Вкупно Валенсија 230 44 25 6 48 9 2 0 305 59 2001-2002 А 20 0 КИ 4 0 ЛШ 71 настап во третото квалификациско коло. 0 - - - 31 0 2002-2003 ПД 33 4 КШ 1 0 ЛШ 152 настапи и 1 гол во третото квалификациско коло. 2 - - - 49 12 2003-2004 ПЛ 31 2 ФАКуп+ЛК 1+6 0+1 - - - - - - 38 3 2004-2005 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 0 0 КУ 1 0 - - - 8 0 2005-2006 ПЛ 17 2 ФАКуп+ЛК 6+0 1+0 КУ 6 0 - - - 29 3 2006-2007 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 8 0 2007-2008 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 0 0Вкупно Мидлсбро 62 4 14 2 7 0 - - 83 6Вкупно во кариерата 361 52 44 8 77 11 2 0 484 80
Репрезентативна статистика Извор:
ШпанијаГод.НастГол19999120001332001832002101Вкупно408
Титули Клупски Валенсија Куп на Шпанија : 1 1998-1999 Суперкуп на Шпанија : 1 1999 УЕФА Интертото Куп : 1 1998
Мидлсбро Лига куп : 1 2003-2004
Поединечни Најдобар играч од среден ред според УЕФА : 2 2000, 2001 ЕСМ Тим на годината: 1 2000-2001
Наводи
Надворешни врски Гаиска Мендиета на soccerway Гаиска Мендиета на transfermarkt Гаиска Мендиета на espn Гаиска Мендиета на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на Летните олимписки игри 1996 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Луѓе од Билбао Категорија:Баскиски фудбалери Категорија:Баскиски фудбалски репрезентетивци